ТЕСЛА ЕВОЛУЦИЈА НА СВЕСТА
599 ден
„Колку што е познато, Тесла не остави писмен тестамент и може само да се шпекулира за усното кажување на неговиот најблизок жив роднина, Сава Косановиќ.“ Потпирајќи се на претпоставката за Теслиното зачудувачко и за науката сè уште недостигнато знаење на законите на природата, мора да размислиме за тоа какви технички задачи и какви можни последици требаше да очекуваме од Теслината кула, Ворденклиф: 1. Да ја вибрира јоносферата… 2. Да зема енергија од етерот… 3. Да отвори временски прозорци во паралелни светови… 4. Да ја забрза менталната еволуција на човештвото… 5. Да ја транспонира планетата Земја во паралелни реалности по волја; ако го комплетираше својот систем од пет радиодифузери и ги пуштеше во употреба, Тесла ќе можеше да ја донесе целата Земја, како единствен резонантен систем, во состојба на осцилација специфична за некој друг сегмент на реалноста, и со тоа физички да нè пресели во паралелен свет… Современите експериментатори треба да имаат предвид дека тајните објаснувања на физиката се кријат во метафизичкото. И сѐ додека нашата наука е заслепена со истражување исклучиво на материјата, дотогаш ќе бидеме во ова илузорна неподнослива состојба, со поделена и несовршена свест.