- Тајната на минатото не е само егзотика. Чувајќи ја својата привлечна сила, таа за бистроумните истражувачи станува историја на фрагменти во своевидна „игра на стаклени бисери.“ Од нив е можно да се склопи секоја легенда, а украсена со мистицизам, таа е способна да привлече милиони луѓе, посебно во периоди на потрес. Бидејќи, кога реалноста не е утешна, се тежнее кон иреалното.
- Владите на нашиот век немаат работа една со друга… туку со тајните друштва, кои и денес се во состојба да го анулираат секој договор. Тие секаде имаат свои агенти, и без колебање прибегнуваат на убиства. Benjamin Disraeli – Prime Minister of the United Kingdom 1874-1880
- „Најстрашното во магијата е тоа што во неа нема ништо магично…“ И. Гурџиев
- Алексеј Осипов: „Постојат два вида на однос спрема животот. Еден од нив над сѐ ја става самата вистина. Многу добро рекол Владимир Соловјов: Вистината е нетолерантна, т.е. таа не ја трпи невистината по самата своја природа. Вториот принцип е по секоја цена да се достигне моменталниот ефект, а по нас нека биде потоп
- За постоење на либералното општество треба луѓето да се ослободат од извесни природни инстикти, меѓу кои тој го издвоил инстиктот на солидарност и сочувство. Признавајќи дека станува збор за природни, вродени инстикти, философот ја покажал целата величина на проектот на современиот индустријализам: човекот да се претвори во нов биолошки вид. Она за што сонувал Фридрих Ниче, формирајќи го ликот на натчовекот, кој се наоѓа од онаа страна на доброто и злото, тоа се обидува да постане реалност кон крајот на дваесеттиот век. Фридрих фон Хајек, теоретичар на пазарната економија,