Facebook Pixel

Дали е можно да се изгубени најголемите литературни дела?

Зачуван е само дел од светската литература. Што недостасува?

Кога големата библиотека во Александрија била уништена од пожар, се велело дека книгите гореле уште шест месеци. Не можеме да знаеме дали ова е вистина. Како точно била уништена библиотеката и дали воопшто постоела, е предмет на шпекулации повеќе од 2.000 години. Два милениуми нè прогонува мислата дека она што ни дошло можеби не е репрезентативно на огромното количество литература и знаење што го создале луѓето. Овој страв беше потврден само со новите методи за проценка на степенот на загубите.

Најновиот обид за проценка бил предводен од научниците Мајк Кестемонт и Фолгерт Карсдорп. Птоломејците кои ја изградиле библиотеката во Александрија имале соодветна фараонска визија: да ги донесат сите книги некогаш напишани под еден покрив. Целта на Кестемонт и Карсдорп била поскромна – да се утврди колкав процент е зачуван во однос на вкупниот број ракописи создадени во различни делови на Европа во текот на средниот век.

Користејќи статистички метод преземени од екологијата, таканаречено моделирање на „неоткриени видови“, тие направиле проценка на она што не е зачувано врз основа на она што не било – ги користеле ракописите што ги имаме денес за да проценат кои ракописи мора да постоеле во минатото.

Бројките што ги објавиле во списанието Science не биле оптимистички, но ги потврдуваат оние до кои стигнале со други методи. Истражувачите дошле до заклучок дека неверојатни 90% од средновековните списи во кои биле зачувани витешки и херојски наративи – на пример за кралот Артур или Сигурд (исто така познат како Зигфрид) – не биле зачувани. Што се однесува до самите приказни, околу една третина биле изгубени во целост, што значи дека не е зачуван ниту еден ракопис од нив.

Студијата се осврнала и на прашањето за репрезентативноста на зачуваните приказни и ракописи. Се чини дека средновековната ирска и исландска наративна фикција била подобро зачувана од нејзините англиски еквиваленти. Една од причините можело да биде тоа што практиката на рачно копирање книги била зачувана многу подолго во Исланд и Ирска отколку во Англија, што значи дека одредена средновековна приказна била зачувана во неколку ракописни примероци – така, до одреден степен, се спасиле од неизбежното исчезнување.

Причините за исчезнувањето биле многу, од пожари и други непогоди, до влошување, рециклирање на материјалот на кој бил напишан текстот, цензура, неспособност и корупција. Низ историјата, најразорните од овие сили биле пожарите – и не само во западниот свет.

Мајкл Фридрих, синолог на Универзитетот во Хамбург во Германија, забележува дека царската библиотека на кинеската династија Хан била речиси целосно уништена од пожар во првиот век од нашата ера, за време на периодот на внатрешни судири. Кога една од следните династии се обидела да испрати друга царска библиотека по вода во новиот главен град, повеќето од бродовите потонале.

Највисока концентрација на книги најчесто се создавала во центрите на моќ, обезбедувајќи им легитимитет на властите, поради што тие биле цел за време на политичките превирања или, едноставно, колатерална штета при промена на режимот. Како што напишал италијанскиот книжевен историчар Лучијано Канфора во својата книга La biblioteca comprarsa во 1980 година, резултатот е дека „она што ни дојде не доаѓа од големи центри, туку од маргинални локации, како што се манастирите, и од расфрлани приватни збирки“.

Има уште еден проблем: огромната количина на текст. Кога, на пример, зборуваме за индиските и будистичките традиции, бројот на древни ракописи кои се зачувани, но допрва треба да се проучуваат се проценува на 10 милиони, иако Фридрих вели дека видел проценки и до 30 милиони. Едноставно немало доволно научници со соодветно знаење, вклучувајќи ги и потребните јазични вештини, за да се постигне оваа задача.

Звучи примамливо да се мисли дека „ерозијата“ на литературата можеби е забавена со појавата на печатењето со подвижни типови, што се случило во Европа во 15 век (и во Кина неколку века порано), едноставно затоа што станало полесно да се печати во големи броеви. Но, Дејвид Мекинис од Универзитетот во Мелбурн вели дека тоа можеби не е точно. Како прво, сè уште се случувале несреќи, како кога насилните демонстранти го вандализирале лондонскиот театар во 1617 година, предизвикувајќи пожар што ги изгорел сите сценарија на театарот.

Второ, не било запишано сè што било изведено на сцената. Кога се печателе театарските дела, тие биле генерално економични и испечатени само во едно издание од околу 500 примероци, а овие копии често се читале додека не се распаднеле – буквално. Резултатот од сето ова, вели Мекинис, е дека веројатно го пропуштаме првото издание на Шекспировиот труд на невозвратена љубов, бидејќи најраното издание (нам познато) е опишано како ревидирано издание. Од втората драма за која се знае дека ја напишал овој великан е само насловот.

Мекинис проценува дека 543-те преживеани драми од периодот помеѓу 1576 година, кога биле отворени првите јавни театри во Лондон и 1642 година, кога пуританците ги затвориле, претставуваат само дел од нивниот вкупен број. Други 744 за кои знаеме дека постоеле повеќе не постојат, а веројатно уште стотици биле напишани за пополнување на театарскиот репертоар, од кои не останала ни трага. Некои драми биле преведени на германски и изведени во континентална Европа од патувачки трупи на англиски актери, вклучувајќи дела од Шекспир и Кристофер Марлоу. Една драма била напишана за англискиот театар, чиј автор не бил познат, преживеала само на германски – Комедијата на кралицата Естер и горделивиот Аман – а може да има повеќе.

За жал, не можеме да се тешиме дека драмите што се зачувани биле најдобри, па дури ни најпопуларни. Мекинис ги обработил бројките врз основа на прецизните записи на лондонскиот импресарио од 1590-тите, Филип Хенслоу, и дошол до следниот заклучок: „Незачуваните драми биле изведени барем исто толку, ако не и повеќе од постоечките драми“. Сигурно е дека не се инфериорни, добро заработиле, а не биле зачувани од разни причини кои немаат врска со нивниот квалитет“.

Всушност, историчарите на литературата се обидуваат да го избегнат прашањето за квалитетот. Проблемот е што нашите критериуми за оценување на книжевниот талент се обликувани од текстовите што преживеале до нашево време. Даниел Соер од Универзитетот во Оксфорд тврди дека сигурно имало првокласни средновековни англиски писатели чии дела не се сочувани, но ја доведува во прашање нашата способност да ја процениме нивната вредност доколку некој од нив би бил откриен денес. Соер додава дека во англиското говорно подрачје, еден писател фрла огромна сенка врз сите други – Шекспир. Не само што остави белег на јазикот, туку претставува и референтна точка според која се судат сите други писатели.

Меѓутоа, Шекспир припаѓал на богат и колоритен литературен екосистем. Неговите современици препознале и други великани – меѓу нив и поетот Томас Вотсон, чии признати драмски дела се речиси целосно изгубени (зачувана е само една, неговата верзија на Антигона на Софокле напишана на латински). Кој знае како би му суделе на Шекспир – кого еден современик го опишал како „наследник на Вотсон“ – ако се зачувал целиот спектар на англиска литература од неговото време, или од епохите пред и по него. Кои би биле гигантите на светската литература кога би знаеле што пишува во тие 30 милиони индиски ракописи или ако милиони други биле зачувани, инезгорени или неизгинеле? Значењето понекогаш не зависи толку од големината на умот колку од комплексот на историски околности.

Автор: Lora Spini

Извор: theguardian.com

Фото: Freepik

Превод: Икона

Слични написи

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.