Facebook Pixel

Куцали сте, но дали сте провериле – Среќен 8 март!

На 8 март – време е за проверка! Грешки во куцањето што ве чинеле милиони.

На 8 март, додека светот го слави Меѓународниот ден на жената, во Соединетите Американски Држави се одбележува и Националниот ден на лекторирањето – ден посветен на важноста на проверката на текстот.

Штампарските грешки или грешките при куцање можат да бидат непријатни, смешни или целосно катастрофални. Сигурно сте се насмеале на некоја смешна автокорекција на телефон или погрешно напишан збор на социјалните мрежи. Но, во светот на издаваштвото, трговијата и дури науката, тие можат да предизвикаат вистинска финансиска катастрофа.

Понекогаш едно погрешно или пропуштено слово целосно го менува значењето – од „еротски“ туристички агенции, преку загубени вселенски мисии, до измена на Божјата заповед повикувајќи на прељуба.


„Попустот на векот“ во Macy’s (2013)
Стоковната куќа Macy’s во рекламен флаер понудила ланче од 1.500 долари за само 47! Правилната цена требало да биде 497 долари, но една единствена изоставена деветка ја чинела продавницата – додека купувачите профитирале, иако не бил 8 март.


Google заработува од вашите грешки при куцање

Според истражувањето на Харвард во 2010 година, Google годишно заработува околу 497 милиони долари благодарение на таканаречените typosquatter страници – веб-локации кои намерно ги копираат имињата на популарни веб-страници со мали грешки. Наместо да завршите на вистинската страница, вие завршувате на страници преполни со реклами – а Google (а понекогаш и хакерите) профитираат од вашата грешка.


NASA и цртата вредна 80 милиони долари

Цртите обично не се најважните интерпункциски знаци, но една мала грешка ја чинела NASA 80 милиони долари!

Во 1962 година, првата американска меѓупланетарна мисија Mariner 1 требало да пристигне до Венера. Сепак, само една единствена грешка во кодирањето – погрешно внесена црта во кодот за брзина и траекторија – довела до експлозија на леталото само неколку минути по лансирањето. Познатиот научно-фантастичен автор Артур Кларк оваа грешка ја нарекол „најскапата црта во историјата“.


Книга за готвење со бизарна грешка

Што би направиле ако во книга за рецепти, наместо „свежо мелен црн бибер“, пишува „свежо мелени црни луѓе“? Токму оваа ужасна штампарска грешка го чинела издавачот Penguin Australia неверојатни 20.000 долари. Во рецепт за талијатели со сардини и пршута, ненамерната замена на зборовите „black pepper“ со „black people“ ги натерала издавачите да уништат 7.000 примероци од книгата Библијата на тестенината пред таа да стигне до потрошувачите.


„Еротска“ туристичка агенција

Калифорниската туристичка агенција Banner Travel Services сакала да привлече клиенти со реклама во Жолтите страници. Но, наместо „егзотични дестинации“, рекламата поради грешка гласела „еротски дестинации“! Иако издавачот се обидел да го исправи пропустот и понудил да ја покрие месечната накнада за огласување, агенцијата поднела тужба и барала оштета од 10 милиони долари.


Библијата заповеда: „Чини прељуба“!

Во 1631 година, лондонската издавачка куќа Baker Book House отпечатила примероци на Библијата со фатална грешка – во Десетте Божји заповеди, наместо „Не чини прељуба“, печатницата по грешка го испуштила зборот „Не“, оставајќи го текстот како „Чини прељуба“. Британскиот парламент наредил уништување на сите примероци, а издавачот бил казнет со 300 фунти – што денес би изнесувало над 52.000 фунти.


Една буква помалку – загуба од 503.000 долари

На eBay, ретка шише пиво Allsopp’s Arctic Ale старо 150 години било понудено по смешно ниска цена, бидејќи продавачот погрешно го напишал името како Allsop’s Arctic Ale. Поради оваа грешка, малку колекционери го забележале огласот, но еден внимателен купувач ја искористил шансата и ја купил шишето за 304 долари – а потоа ја препродал за неверојатни 503.300 долари.


Берзанска катастрофа – Чиле изгуби 175 милиони

Во 1994 година, чилеанскиот брокер Хуан Пабло Давила наместо да продаде акции, по грешка ги купил.

Обидувајќи се да ја исправи грешката, направил серија панични трансакции, што ја чинеле државната рударска компанија Codelco неверојатни 175 милиони долари. Грешката станала толку позната што во чилеанскиот сленг влегол нов збор – „давилар“, што значи „направи катастрофална грешка“.


Најскапата грешка во историјата на берзата – 225 милиони загуба

Во декември 2005 година, јапонската брокерска куќа Mizuho Securities планирала да продаде акции на J-Com Co. по цена од 610.000 јени по акција. Но, еден трговец по грешка продал 610.000 акции по цена од само 1 јен по парче! Обидите да ја поништат трансакцијата биле неуспешни, а загубата достигнала 225 милиони долари.


Следниот пат кога пишувате нешто важно, проверете текстот пред да притиснете „прати“.

Извор: Mental Floss

Слични написи

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.