Блог

48 ЗАКОНИ НА МОЌТА

ПРОФИТИРАЊЕ ОД НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ

Се случи еднаш, на Кралот Хиеро, при разговор со еден свој непријател, да му се каже… дека му смрди здивот. Притоа добриот крал прилично обесхрабрен во себе, веднаш откако се вратил дома почнал да ì вика на жената „како се случило до сега да ми немаш кажано за овој проблем?“ Жената, бидејќи била проста, едноставна и безопасна девојка му рекла: „Господине, јас мислев дека на сите мажи така им мириса здивот.“ Така е јасно дека маните кои им се очигледни на сетилата, крупни и физички, или инаку озлогласени во светот, ги дознаваме побргу од непријателите отколку од пријателите и блиските.

 

Луѓето се поподготвени да возвратат на повреда, отколку да добијат нешто, затоа што благодарноста е товар, а одмаздата е задоволство.

ТАКИТУС 55 – 120 н.е.

 

Школките на полна Месечина комплетно се отвораат; и кога ракот ќе види таква, фрла камен или парче морска трева во неа и таа не може да се затвори па така му служи како месо на ракот. Таква е и судбината на оној кој премногу ја отвора устата, и со тоа се става на милост на слушателот.

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ, 1452-1519

 

Бидејќи, како што вели Цицерон, дури и оние кои говорат против славата, сепак сакаат книгите кои ги пишуваат против неа да го носат нивното име и се надеваат дека ќе станат славни поради нивниот презир кон славата. Сè друго е подложно на размена: ќе им ги отстапиме на пријателите нашиот имот и нашите животи ако е потребно; но малку е веројатно да ја поделиме нашата слава и да му ја подариме некому нашата репутација

МОНТЕЊ , 1533 – 1592

 

СЛЕПАТА КОКО􏰁КА

Кокошката која го загубила видот, и била навикната да ја копа земјата во потрага по храна, иако слепа, продолжувала и натаму најпосветено да копа. Од каква корист ì било тоа на бескорисната глупачка? Друга кокошка, со одличен вид, која си ги штедела нежните ноженца, никогаш не се делела од неа, и уживала, без копање, во плодовите на онаа другата. Кога и да ископала слепата кокошка јачмен или пченка, нејзината внимателна другарка го јадела.

БАСНИ, Готхолд Лесинг 1729-1781

 

Секој моментален триумф, за кој мислите дека сте го добиле преку расправија, е всушност Пирова победа: презирот и зловолјата која сте ја разбранувале, е посилна и подолготрајна од било кое моментално изменето мислење. Многу повлијателно е да ги натерате другите да се согласат со Вас преку Вашите дејствија, без збор да кажете. Покажувајте, не објаснувајте.

 

Еден отворен и искрен потег, ќе прикрие купчиња нечесни. Гестови со отворено срце и искреност им го рушат гардот и на најсомничавите луѓе. Кога еднаш Вашата селективна искреност, ќе отвори дупка во нивниот оклоп, можете да манипулирате со нив кога и да посакате. Безвремениот подарок -Тројанскиот коњ – ќе послужи за истата цел.

 

Ако треба да му се обратите на сојузникот за помош, не мачете се да го потсетувате на Вашите минати добри дела и помошта која сте ја давале. Тој ќе изнајде начин да Ве игнорира. Место тоа, откријте му нешто од Вашето барање, или од Вашиот предлог кон него, што ќе му биде од корист, и потенцирајте го тоа надвор од пропорциите. Тој ќе возврати со ентузијазам, кога ќе види дека може нешто да искористи.

48 ЗАКОНИ НА МОЌТА

Закон 1: Никогаш не засенувајте го господарот

Закон 2: Никогаш не верувајте им премногу на пријателите, научете како да ги користите непријателите

Закон 3: Скривајте си ги намерите

Закон 4: Секогаш кажувајте помалку од потребното

Закон 5: Многу нешта зависат од угледот – бранете го со животот

Закон 6: Внимание од дворот, по секоја цена

Закон 7: Натерајте ги другите да ви ја завршат работата, но секогаш припишете си ја заслугата

Закон 8: Натерајте ги луѓето да дојдат кај вас – користете мамка ако е неопходно

Закон 9: Победувајте со вашите акции, никогаш со расправија

Закон 10: Инфекција: избегнувај ги тажните и оние без среќа

Закон 11: Научете да ги држите луѓето зависни од вас

Закон 12: Користете селективна искреност и дарежливост, за да ја разоружате вашата жртва

Закон 13: При барањето помош целете кон личниот интерес на луѓето, никогаш кон нивната милост или благодарност

Закон 14: Прикажувајте се како пријател, работете како шпиoн

Закон 15: Скршете ги сосема своите непријатели

Закон 16: Користете го отсуството, за да ги увеличате угледот и честа

Закон 17: Држете ги другите во неизвесност: негувајте клима на непредвидливост

Закон 18: Не градете тврдина за да се заштитите – изолацијата е опасна

Закон 19: Дознајте со кој си имате работа – не навредувајте ја погрешната личност

Закон 20: Не врзувајте се за никого

Закон 21: Изигрувај глупак, за да фатиш глупак – изгледај поглуп отколку што си

Закон 22: Искористете ја тактиката на предавство: трансформирајте ја слабоста во моќ

Закон 23: Збијте ги редовите

Закон 24: Изигрувајте перфектен дворјанин

Закон 25: Одново создадете се

Закон 26: Рацете нека ви се чисти

Закон 27: Играјте на картата дека луѓето имаат потреба да веруваат, за да создадете движење налик на култ

Закон 28: Храбро впуштајте се во акција

Закон 29: Планирајте сè до крај

Закон 30: Нека изгледа дека вашите достигнувања се направени без напор

Закон 31: Контролирајте ги опциите: другите нека играт со картите кои им ги делите

Закон 32: Играјте си со фантазиите на луѓето

Закон 33: Откријте што е она што го мачи секого

Закон 34: Бидете величествен на свој начин: однесувајте се како крал, за кралски и да ве третиратаат

Закон 35: Усовршете ја вештината – чувство за време

Закон 36: Презирајте ги нештата кои не можете да ги имате: игнорирајќи ги, најдобро им се одмаздувате

Закон 37: Создадете фасцинантни спектакли

Закон 38: Размислувајте како што сакате, но однесувајте се како другите

Закон 39: За да фатите риби, разбранувајте ја водата

Закон 40: Презирајте го бесплатниот ручек

Закон 41: Избегнувајте да одите со чевлите на големите луѓе

Закон 42: Мавнете по овчарот и стадото ќе се растури

Закон 43: Работете на туѓите чувства и мисли

Закон 44: Разоружајте и разбеснете со ефектот огледало

Закон 45: Проповедајте ја потребата од промени, но никогаш не поправајте премногу одеднаш

Закон 46: Никогаш не изгледајте премногу совршено

Закон 47: Не одминувајте ја целта во која сте нишанеле; во победата, научете кога да запрете

Закон 48: Присвојте безличност