Литература

Еден поинаков Тургењев

Малку познати факти за авторот на едно од најзначајните дела на руската книжевност, романот „Татковци и деца“, Иван Сергеевич Тургењев.

Тургењев имал комплициран однос со Лав Толстој, преполн со расправии што понекогаш завршувале и со тепачка.
Кланот Тургењеви немале благородничка титула, но бил почитуван, со импресивно минато и многу богат.
Се запишал на универзитет на 15 години, а бил почесен доктор на Универзитетот во Оксфорд.
Од детство зборувал француски, англиски и германски.
Тургењев бил пријател со Белински, а се познавал и со Островски, Гончаров и Достоевски.
Овој писател бил одличен шахист.
Наутро долго ја чешла својата коса и бил опседнат со хигиената.
Имал вонбрачна ќерка со кметица, а девојчето го видел кога наполнило седум години, но и помагал целиот живот.
Бил вљубен во Паулина Виардо и и бил сопатник низ цела Европа, заедно со нејзиниот законски сопруг.
Ако ја удрел главата лесно се онесвестувал, бидејќи коската на темето му била тенка.
Првата љубов на Тургењев била принцезата Шаковскаја, но таа го избрала за љубовник неговиот татко.
Мозокот на Тургењев, измерен после неговата смрт, тежел 2 000 грама.
Последна негова љубов била Марија Савина, театарска актерка. Тургењев имал 61 година, а Марија 25 години.
Никогаш не се оженил.
Тургењев умрел од рак во Франција во градот Богивал.
Пред својата смрт му напишал писмо на Толстој.