Facebook Pixel

10 лекции од „Медитации“ на Марко Аврелиј

  • Биди добар, наместо да се чудиш како да бидеш добар

„Не дискутирај како треба да биде добриот човек. Просто биди таков“.

Можеме да поминеме многу време во размислување за тоа што значи да си добар човек или како да станеме подобри за да ги постигнеме нашите цели. Понекогаш, сепак, подобро е да не размислуваме пречесто и просто да го правиме она што знаеме дека значи добро. Ова се едноставни работи како да бидеш милосрден, да ги слушаш своите пријатели кога им е потребна помош, да бидеш искрен и со добри манири.

  • Мислите се тоа што ги определуваат твојата благосостојба и реализација

„Среќата во твојот живот целосно зависи од квалитетот на твоите мисли.“

Чувството на реализација не може да ни се добие само преку надворешни настани. Можеме да откриваме среќа во кратките моменти на интеракција, но тоа никогаш нема да не задоволи целосно во потрагата по полнота.

  • Не можеш да промениш тоа што се случува во светот, но можеш да го промениш она што го мислиш за него

„Имаш власт над твоето сознание, не над надворешните настани. Осознај го тоа и ќе откриеш сила“.

Идејата дека универзумот и природата се такви какви што се и не подлежат на промена е голема тема во „Медитаци“. Не можеме да ги промениме настаните што се случуваат, па затоа нема смисла да се чувствуваме лошо за нив.

  • Биди благодарен за тоа што го имаш

„Кога ќе станеш наутро, размисли каква привилегија е тоа да бидеш жив, да размислуваш, да се радуваш, да љубиш…“

Запри да размислеш за тоа што го немаш, а биди благодарен за тоа што имаш. Привилегија е да си жив, вели Марк Аврелиј. Ние сме среќни што имаме свест, што имаме пријатели, што имаме хоби или што некој нѐ сака.

  • Живеј само и целосно во сегашноста

„Прави сè во животот како да е последното нешто што ќе го направиш.“

Бидејќи универзумот е таков каков што е, не можеме да го промениме минатото. Не треба да живееме во минатите настани, ниту пак да се грижиме пречесто за тоа што би можело да се случи во иднината.

  • Осознај дека лоши и непредвидливи работи можат да ти се случуваат и ќе бидеш подготвен за сè

„Колку смешен и лишен од реализам е човекот, кој се учудува на сè што се случува во животот.“

Стоицизмот нè учи да немаме нереалистични очекувања за работите што ни се случуваат. Нереалистичните очекувања нè прават неподготвени за тешкотии.

  • Нема премногу висока летва, нема неизвршлива цел

„Ако нешто ти изгледа премногу тешко, не мисли дека е невозможно за сите останати.“

Можеби учиш медицина или тренираш за маратон, сакаш да се пробиеш во музичката индустрија или пак да создадеш успешен бизнис. Чувствуваш дека не напредуваш многу … Тешко е, исцрпувачки е и си подготвен да се откажеш.

  • Престани да се грижиш што мислат другите за тебе

„Колку многу време печели тој што не гледа што вели соседот, што прави и што мисли, а само она што само го прави – да го прави праведно и свето“.

Да се грижиш за тоа што другите мислат за тебе е голема загуба на енергија. Секогаш ќе имаш луѓе кои те критикуваат или те потценуваат. Но, ако научиш да не им обрнуваш внимание, ќе бидеш многу посреќен.

  • Прифати ја смртта како дел од животот

„Смртта е единствениот работник кој работи секогаш. Од неа не можеме да побегнеме“.

Дали некогаш размислуваш за својата смрт? Или дали некогаш размислуваш за смртта на своите блиски? Прифати го фактот дека животот има свој крај. Важно е, објаснува Марк, да бидеш свесен за смртта за да живееш целосно.

  • Секој од нас игра улога во животот, а животот е бесценет

„Дозволи му на умот да ја одигра својата улога во животот, и нека му помогне на другите да ја одиграат својата“.

Ти играш своја улога во животот, но и другите играат своја. Секој од нас е важен и никој не е непотребен. Без разлика на ситуацијата, мора да продолжиме напред со сопствената мисија.

Книгата „Медитации“ нè учи дека нашиот однос кон животот не зависи од надворешните околности, туку од нашиот начин на размислување. Оваа книга ќе ви помогне да го промените начинот на размислување и да создадете подобар живот.

Извор: LearningMind

Превод: Икона

Слични написи

Што чита ChatGPT?

Што чита ChatGPT?

Професорот Дејвид Беман од Универзитетот Беркли во Калифорнија, неодамна се обиде да направи компјутерска анализа на...

Истражувачите пронајдоа две нови страници во дневникот на Ана Франк. Дали треба да ги читаме?

Истражувачите пронајдоа две нови страници во дневникот на Ана Франк. Дали треба да ги читаме?

Ова не се единствените страници во дневникот на Ана Франк кои се однесуваат на сексот и телото, ниту се единствените кои некогаш биле отстранети. Но, овие се единствените две кои таа самата ги избришала.

Pin It on Pinterest

Share This
Moja korpa
Vaša korpa je prazna.

Izgleda da još niste napravili izbor.