Facebook Pixel

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

ПРОЦЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ И ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите со притискање на копчето Во Кошничка (со што се додава едно парче или стандардната количина од производот) и дополнително да ја зголемите со пристикање на копчето Плус на истата страница или во самата кошничка. Количината може да се намали со притискање на копчето Минус на истата страница или во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите. Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во кое било време, пред да го реализира плаќањето.

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата на електронската пошта која ја имате наведено, за потврда на нарачката. E-mail пораката содржи број и датум на нарачката, вид, количина, поединечна и вкупна цена на нарачаните производи, начин на плаќање, начин и време на достава и податоци за купувачот како и адресата за достава.

Подготвената нарачка ќе биде доставена на наведената адреса за испорака. Ќе добиете известување на e-mail за статусот на вашата нарачка.

Цените на сите производи на www.ikona.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на друштвото, без известување на корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

КНИГОТЕКА ИКОНА гарантира дека секој производ објавен на интернет страницата www.ikona.mk има соодветна декларација согласно законските прописи. Поради технички причини, декларацијата за производ објавена на www.ikona.mk може да биде различна од актуелната декларација која ја носи самиот производ.

Производите кои се дел од одредена акција или се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.

КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото да ја одбие секоја нарачка во услови кога купувачот ги нарушува правилата на планираната акција или промоција.

КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото да го измени времетраењето на секоја акција или промоција на производи во секое време.

КНИГОТЕКА ИКОНА не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна.

Фотографиите од производите прикажани на веб страницата www.икона.mk се од информативен карактер и може да се разликуваат од реалниот изглед на производите.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на www.ikona.mk. Исто така, секој купувач се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна www.ikona.mk, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Општите правила и услови за користење на www.ikona.mk од страна на купувач или друг корисник.

Купувањето преку www.ikona.mk е достапно за сите правни лица и за деловно способни физички лица. Во зависност од возраста на купувачот, за одреден тип на производи кои подлежат на посебни услови за продажба, www.ikona.mk го задржува правото да ја ограничи/спречи продажбата.

Купувачот кој сака да стане регистриран корисник на www.ikona.mk потребно е по одбирањето на производот/ите и нивно ставање во кошничката за купување, да ги внесе деталите за нарачка и да одбере неговите податоци да се запомнат и да се регистрира на www.ikona.mk.

Регистрираниот корисник со пополнување на податоците на www.ikona.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува, вклучувајќи ги и личните податоци. КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на корисник со цел да се провери нивната веродостојност.

Правото на користење на www.ikona.mk е лично на купувачот и не е преносливо на кое било друго лице. Купувачот има право да ја користи платформата и производите/услугите обезбедени од www.ikona.mk само како краен корисник, за негова сопствена употреба. Овозможување на комерцијална употреба од страна на трети лица или препродажба на производите/услугите од страна на купувачот на трети лица со цел остварување на заработка за купувачот или за трето лице е забрането, освен доколку е склучен посебен договор со www.ikona.mk. Прекршувањето на оваа обврска ќе биде санкционирано согласно важечките прописи, при што www.ikona.mk има право веднаш да го прекине деловниот однос со купувачот и да го ограничи/прекине користењето на www.ikona.mk.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

  1. Плаќање во готово при испорака;
  2. Плаќање со платежна картичка;
  3. Банкарски трансфер (профактура) / Плаќање со уплата на банкарска сметка.

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Халк Банка АД Скопје, при што поддржани се сите VISA, MasterCard, Maestro платежни картички, како и картичките од домашните брендови.

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн. Податоците поврзани со платежната картичка на купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. По успешно извршената авторизација, Корисникот добива потврда за извршено успешно/неуспешно плаќање по пат на e-mail.

За правни лица, при внес на податоци за доставата, потребно е да се внесе називот на правното лице за да се добие потпишана фактура за плаќањето.

КНИГОТЕКА ИКОНА не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка.

КНИГОТЕКА ИКОНА под никакви околности не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на купувачот за време на реализација на електронското плаќање.

КНИГОТЕКА ИКОНА во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од кои било причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и/или согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи КНИГОТЕКА ИКОНА нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.

КНИГОТЕКА ИКОНА нема да сноси одговорност за која било предизвикана штета која би можела да настане како резултат на техничка грешка која настанала пред/во/по моментот на користење на електронските услуги, и врз која КНИГОТЕКА ИКОНА немала увид и контрола.

БАНКАРСКИ ТРАНСФЕР (ПРОФАКТУРА) / ПЛАЌАЊЕ СО УПЛАТА НА БАНКАРСКА СМЕТКА

 Плаќањето со уплата на банкарска сметка може да се изврши од страна на физичко или правно лице од сите банки регистрирани на територија на Република С. Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плаќање „Банкарски трансфер (профактура). Со притискање на „НАПРАВЕТЕ НАРАЧКА“ се согласувате дека ќе извршите уплата согласно инструкциите кои ќе ги добиете во следниот чекор.

Доставата ќе биде извршена по потврда/увид на уплатата.

По потврда на уплатата ќе добиете e-mail со фактура за вашата нарачка. При доставата ќе добиете и потпишана фактура.

ISPORUKA

Производите нарачани преку www.ikona.mk ќе бидат испорачани преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката од страна на купувачот.

Ценатат за достава изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.

Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

Рокот на испорака е 2 до 4 работни дена од моментот на приемот на потврдената нарачка на email,  освен за производи од категоријата НАСКОРО и ПРЕДНАРАЧКИ за кои рокот на достава е 20 работни дена од датумот на плаќање на нарачката.

Пред испораката на производот/ите, купувачот може биде телефонски контактиран од страна на доставувачот на телефонскиот број оставен за контакт, за појаснување или помош за точната место за испорака, како и за дополнителни упатства. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење на нарачка.

СЛЕДЕЊЕ НА ПРАТКА

Во моментот на испраќање на пратката, купувачот ќе добие известување за бројот на пратката заради можност за следење на истата.

Во случај доставата на нарачката да не може да биде реализирана поради отсуство на лице кое може да ја прими истата на адресата наведена за достава, КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото да го одреди терминот и да ја организира доставата на нарачката под свои услови, во следен разумен рок. Купувачот ќе биде известен за следниот термин за достава најмалку 12 часа пред доставата на e-mail адресата која е искористена за правењето на нарачката.

Производите на КНИГОТЕКА ИКОНА се спакувани во соодветни кеси или кутии, овозможувајќи заштита од надворешни влијание и избегнување на ризикот од намалување/губење на квантитетот и квалитетот на производите за време на транспортот.

ПРИЕМ НА НАРАЧКА/ПРОИЗВОДИ

Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални физички оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува или е со различен квалитет/квантитет во однос на нарачаното.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да ја информира КНИГОТЕКА ИКОНА преку еден од каналите за контакт со Корисничкиот сервис во рок од 12 часа од приемот на производите. Во ваков случај, купувачот мора да му обезбеди на КНИГОТЕКА ИКОНА неспорни докази во однос на недостатоците, односно физичките оштетувања на производите и да овозможи враќање на производите во истата состојба во која биле примени.

Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата, доколку КНИГОТЕКА ИКОНА утврди дека рекламацијата е основана, односно оправдана, КНИГОТЕКА ИКОНА на купувачите им ги гарантира следните права:

  • Замена на производи со соодветен квалитет, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси КНИГОТЕКА ИКОНА. Доколку КНИГОТЕКА ИКОНА нема соодветен производ (производ што ќе одговара на потребите на купувачот), купувачот има право по свој избор да бара враќање на платениот паричен износ; или
  • Искористување на вредносен купон – ваучер во износ кој ќе го определи КНИГОТЕКА ИКОНА а кој ќе биде сразмерен на утврдените недостатоци, и кој купувачот ќе има право да го искористи за купување на производи достапни на www.ikona.mk во рок од 30 дена; или
  • Да му биде рефундиран износот што е платен за производите кои содржеле одреден недостаток, односно оштетување. Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.

За сите останати производи, купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, ако е сочуван изгледот на производот, рокот на употреба, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и придружната документација која на купувачот му била дадена заедно со производот при доставата. Трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената може да ги прифати КНИГОТЕКА ИКОНА, но може да биде побарано и да ги сноси и самиот купувачот.

Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од купувачот, КНИГОТЕКА ИКОНА нема соодветен производ (производ што ќе одговара на потребите на купувачот), купувачот има право по свој избор да бара враќање на платениот паричен износ.

ПОЛИТИКА НА АВТОРСКО ПРАВО, ТРГОВСКА МАРКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб страницата www.ikona.mk и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на КНИГОТЕКА ИКОНА е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.

ДИРЕКТНИ ТРАНСАКЦИСКИ ПОРАКИ И ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Со самото користење на www.ikona.mk, доколку корисникот побара или доколку дополнително се согласи, КНИГОТЕКА ИКОНА може да му доставува трансакциски информации или информации со кои се вршат активности на директен маркетинг, со испраќање на SMS/MMS пораки, и/или push нотификации, и/или e-mail пораки. Корисникот може во секое време бесплатно и со употреба на едноставни средства да ја измени, ограничи или повлече дадената согласност. Корисникот нема можност да ја ограничи и повлече дадената согласност за добивање на клучни и неопходни трансакциски информации. Под клучни и неопходни трансакциски информации се подразбираат потврди за примена нарачка, фактура, потврда за испорака, потврда за достава, предвидено време за достава и други важни информации без кои соработката ја губи суштината и не би можела да се реализира делумно или во целост.

Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта со промотивен материјал и билтени (newsletter) на e-mail адресата со која е регистриран на www.ikona.mk. Секој регистриран корисник има право да побара истиот да биде отстранет од листата за добивање на директна пошта и билтени со избирање на опцијата Unsubscribe. 

КНИГОТЕКА ИКОНА ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на корисникот непречено и непрекинато користење на www.ikona.mk при што ќе ги преземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки и ќе ги преземе сите разумни мерки за да се овозможи повторно користење на www.ikona.mk во нај6рзо можно време.

Иако цел на КНИГОТЕКА ИКОНА е www.ikona.mk да биде достапен 100% од времето, веб страницата може да е недостапна одвреме-навреме поради каква било причина, вклучувајќи, без ограничување, како и рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на КНИГОТЕКА ИКОНА, пристапот до www.ikona.mk може да биде прекинат или суспендиран одвреме-навреме.

При евентуални технички проблеми со веб страницата, КНИГОТЕКА ИКОНА има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не е обврзан да изврши какво било обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

ВИША СИЛА

Користењето на www.ikona.mk и услугите од КНИГОТЕКА ИКОНА може да биде прекинато или со намален квалитет поради настанување на ситуација на виша сила. Како ситуација на виша сила се смета секој настан кој се случил независно од волјата на КНИГОТЕКА ИКОНА и чие настапување не можело да биде предвидено ниту спречено, при што таквиот настан влијае на обезбедувањето на услугата и исполнувањето на обврските на КНИГОТЕКА ИКОНА и обезбедувањето на користењето на www.ikona.mk, како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења, епидемии итн.) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, вонредна состојба, кризна состојба итн.), акти на јавна власт или испади, дефекти и прекини на електроенергетскиот систем, системи и инфраструктура на оптички врски за пренос на податоци итн.

КНИГОТЕКА ИКОНА нема да биде одговорен кон корисниците на www.ikona.mk за каква било пречка или настанат прекин во обезбедувањето на услугите и функционирањето на www.ikona.mk поради појава на ситуација на виша сила.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ

КНИГОТЕКА ИКОНА и корисникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од користењето на www.ikona.mk, вклучувајќи ги споровите во однос на толкување, примена и извршување на овие Општи правила и услови.

Доколку страните не успеат да ги решат споровите на тој начин, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Овие Општи правила и услови важат за сите корисници кои пристапуваат на www.ikona.mk и кои вршат купување и/или ги користат услугите на КНИГОТЕКА ИКОНА како крајни корисници и истите се применуваат од датумот на нивното објавување на www.ikona.mk наведен на почетокот.

Сите прашања кои не се опфатени со одредбите на овие Општи правила и услови ќе бидат разрешувани со директна примена на применливите правни прописи важечки во Република С. Македонија.

КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира производи и/или услуги или воведува услови за производи и/или услуги на www.ikona.mk без претходно известување.

КНИГОТЕКА ИКОНА го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи правила и услови како и содржината на www.ikona.mk, а најновата верзија на Општите правила и услови корисникот ќе може да ги прочита на www.ikona.mk. Измените на овие Општи правила и услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.

Правилникот е последно ажуриран 31.07.2024 година.

Pin It on Pinterest

Moja korpa
Vaša korpa je prazna.

Izgleda da još niste napravili izbor.