Facebook Pixel

Politika privatnosti

Politika privatnosti

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната ikona.mk, и објаснува како КНИГОТЕКА ИКОНА ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт ikona.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

3. Како КНИГОТЕКА ИКОНА ги користи податоците

4. Кога и како КНИГОТЕКА ИКОНА открива податоци

5. Како КНИГОТЕКА ИКОНА ги собира податоците

6. Безбедност на податоците

7. Пристап и промена на Вашите податоци

8. Социјални мрежи

9. Приватност на трети страни

10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)

11. Терминологија

12. Време на чување на собраните податоци

13. Вашита права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

14. Промена на политиката за приватност

____________________________________

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • правите порачки преку нашиот сајт со оставање на ваша емаил адреса и поштенска адреса како и телефонски број; Не е потребно креирање на профил.
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
  • давате информации на наши бизнис провајдери;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ од нас , додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќањe повратни податоци на нас, поднесување на договор за соработка.Кога ќе нарачате производ, податоците кои ги внесувате се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies”, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничините комуникацијата која КНИГОТЕКА ИКОНА ја има со вас.

(а) Промотивни е-маил пораки

Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “отчлени се” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.

(б) Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу КНИГОТЕКА ИКОНА и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.

3. КАКО КНИГОТЕКА ИКОНА ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

– работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;

– понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи од нас нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;

– да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;

– да ви одговараме на Ваши барања и прашања;

– анализа и спроведување на истражувања;

– да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу КНИГОТЕКА ИКОНА;

– да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации;

– да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас;

– да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите;

4. КОГА И КАКО КНИГОТЕКА ИКОНА ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.

5. КАКО КНИГОТЕКА ИКОНА ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување или искористувате ваучер или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете зачувување на колачиња.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.

Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

6. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Еднинствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или остраните профилот може да испратите барање. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.

8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram , Google Plus)

КНИГОТЕКА ИКОНА им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.

9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на ikona.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

КНИГОТЕКА ИКОНА не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на КНИГОТЕКА ИКОНА изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

11. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на КНИГОТЕКА ИКОНА, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.

12. ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.

13. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци X Y на следниов телефонски број 070-000-000 или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк ( Закон за заштита на личните податоци )

14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.

—————————————————————————————————————————————-

Што е политика за колачиња

Кога ке пристапите на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, КНИГОТЕКА ИКОНА и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во КНИГОТЕКА ИКОНА на нашата веб страна и други онлајн и мобилни апликации.

Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на ikona.mk ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот (ikona.mk) се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на КНИГОТЕКА ИКОНА и КНИГОТЕКА ИКОНА нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на КНИГОТЕКА ИКОНА.

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, КНИГОТЕКА ИКОНА нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон КНИГОТЕКА ИКОНА. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од КНИГОТЕКА ИКОНА се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и КНИГОТЕКА ИКОНА нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите страната на ikona.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:

Microsoft Internet Explorer:

https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies

Google Chrome:

https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en

Mozilla Firefox:

https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences

Apple Safari:

https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Дали добивам колачиња преку е-маил?

Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.

Пиксел за следење (Web Beacon)

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето. Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.

Pin It on Pinterest

Moja korpa
Vaša korpa je prazna.

Izgleda da još niste napravili izbor.