Волчицата невеста

Mek povez

i

Број на страни: 146

Dimenzije: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082521367

300 den

Šifra proizvoda: 9786082521367 Kategorije: , ,

Новелата „Волчицата невеста“ е една од најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади – „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси. Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени, реалистични и трогателни. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа.

Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци.

Добитник е на многу награди за литература за деца, меѓу кои Наградата на Здружението на писателите на Кина за извонредни дела во литературата за деца, добиена во три последователни години, наградата „Кинеска книга“, Награда за нови дела за литература за деца „Бингсин“ и Награда за литература за деца на Тајван „Јанг Хуан“.

Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование.

Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво.

„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина.

Dodatne informacije

Dimenzije 14 × 20 цм
Autor

Izdavač

Jezik

Pin It on Pinterest

Share This