u korpi 0 0 den

Основите на будизмот: прашања и одговори

Mek povez

i

Број на страни: 215

Dimenzije: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082520827

300 den

Šifra proizvoda: 9786082520827 Kategorije: ,

Во форма на прашања и одговори, книгата упатува и одговара речиси на сите прашања покренати од будизмот во текот на изминативе 2500 години. Книгата на читателите лаици им дава правилен вовед во будизмот, додека пак на научниците има дава насоки за подлабоко проучување на будизмот. Таа, исто така, на луѓето на коишто кинескиот не им е мајчин јазик, а сакаат да учат за будизмот, особено за кинескиот будизам, им дава сеопфатен преглед.

„Основите на будизмот: прашања и одговори“ е плод на долгогодишното проучување на будизмот од страна на Џао Пучу, кој е еден од најголемите експерти за будизмот во Кина. Книгата содржи пет поглавја: Буда и потеклото на будизмот, Суштината на буда дхама и будистичката канонска литература, Сангхата и следбениците на Буда, Подемот, падот и воскреснувањето на будизмот во Индија и Ширењето, развојот и еволуцијата на будизмот во Кина. Повеќето будистички термини во оваа книга се дадени и на оригиналниот пали јазик и во превод. Некои будистички термини во оригиналниот кинески текст се дадени или на пали или санскрит, но овде, во ова издание, по избор на авторот, се дадени само на пали. Причината за оваа промена е поради тоа што будистичките текстови се појавиле најпрвин на пали, а подоцна на санскрит. Во текстот се користат двете кратенки: с. (санскрит) и п. (пали). На крајот на книгата е објавен додаток со будистички термини на пали, македонски и на кинески јазик.

Dodatne informacije

Dimenzije 14 × 20 цм
Autor

Izdavač

Jezik

Pin It on Pinterest

Share This
Moja korpa
Vaša korpa je prazna.

Izgleda da još niste napravili izbor.