Прв во низата големи автобиографски романи на шведската литература. Стриндберг – син на трговец и на слугинка – постојано бил контроверзна фигура.
Се смета за еден од зачетниците на модерниот театар, а со драмите, романите и новелите си обезбедил место на најчитан писател на сите времиња во Шведска.
„Синот на слугинката“ е главно субјективен роман со слободна обработка на автобиографската граѓа, во кој напоредно е и инспиративен и ретко успешен опис на една значајна епоха во шведската историја. Авторот се движи од најинтимните истражувања на својата душа до објективните настани во светот околу себе, со остра дарба на запазување и истовремено субјективно гротескно толкување на тоа што го опсервирал, а што во основа е карактеристично за целото негово творештво.
Два дела: 192 + 212 страници (вкупно 404)
Dodatne informacije
| Dimenzije | 14 × 20 цм |
|---|---|
| Autor | |
| Izdavač | |
| Jezik |
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





