Гулчук раскажува детално, педантно и непристрасно, користејќи прилично богата фактографија за животот и за делото на најголемиот војсководец на сите времиња – Александар Македонски. Светот го знае како ученик на Аристотел, цар на Македонија, голем воен стратег, најпознат завојувач којшто мечтаел да владее со сите народи што ја населуваат Земјата, како човек што никогаш не отстапувал од своите замисли, но во овај роман Александар Македонски е претставен и од помалку познати аспекти, без глорифицирање на неговите подвизи и на неговата величина. Гулчук раскажува дека само еднаш се изневерил себеси.
И тоа станало негова историска трагедија и голема тајна. Таа ни нуди комплексна и детална приказна за големата историска личност, а во овој историски, љубовно-авантуристички, па и криминалистички роман се раскажува и за прекрасни жени, за доблесни мажи, за силни страсни чувства, за чувството воспеано од поетите на сите времиња и народи – љубовта.
Dodatne informacije
| Autor |
|---|
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





