Џанг Џилу е роден во Пекинг, во 1945 година. Тој е директор на Детскиот литературен комитет на Кинеското здружение на писателите и познат сценарист. Бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Негови познати дела се: Дете гром, Третата легија, Забранета мудрост, За кого пее Сисада?, Тотална илузија, Фудбалскиот херој, Јас и мојата сенка, Прасето херој, Танц на кинеските карактери и филмската монографија Историја на филмовите за деца во Кина.
Има освоено повеќе награди, меѓу кои наградата Кинеска книга на Кинеското здружение на писатели – дури шестпати, и наградата Сунг Чинлинг за детска литература за деца – трипати. Неговиот кус роман „Антилопа изработена од дрво“ беше вклучен како лектирно издание во средното образование, а неговата бајка „Патување во стомакот на добитокот“ беше избрана за лектира за учениците во основно образование. Автор е на триесетина книги за деца – бајки, новели и научнофантастични приказни. Работел и како сценарист и продуцент во филмската продукција, а со тоа имал можност да биде во постојан контакт со различни текстови и содржини за снимање на драми за деца.
Овој избор на Џанг Џилу содржи девет раскази, првенствено наменети за тинејџерска возраст, а некои од нив се вклучени и како лектира во образованието во Кина.
Едиција: „Најдобрата кинеска литература за деца“. Издание: 2018. Мека корица: 300 ден. Тврда корица: 400 ден.
Dodatne informacije
| Dimenzije | 14 × 20 цм |
|---|---|
| Autor | |
| Izdavač | |
| Jezik |
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





