Книгата содржи избрани народни приказни од земјите и народите од сите меридијани на Земјината топка. Нив ги раскажувале луѓето, со години, со децении, со векови, оделе од колено на колено, сѐ дури не се нашол некој да ги запише, за да состанат до денешен ден, и ете, да се најдат и меѓу кориците на оваа книга, и натаму да се читаат и раскажуваат. Приказните во оваа книга се адаптирани за младиот македонски читател. Тоа значи дека тие се авторизирани и раскажани „по мерка“ на приредувачот Киро Донев. Тој настојувал да опфати што поинтересни и понепознати приказни од што повеќе народни во светот.
Во предговорот Киро Донев пишува:
Во книгава, драг читателу, меѓу другите, ќе сретнеш и приказни посветени исклучиво на животните. Проучувачите и истражувачите на нашето и на светското народно творештво, едногласни се со мислењето дека приказните за животните се најстар вид приказни. Дека потекнуваат уште од времето на дивјаштвото. И дека тие приказни, басните и пословиците за животните, се и најбројни. Тоа и не е толку чудно, ако се знае дека досега се проучени, опишани и регистрирани околу два милиона од постојните животни и околу 100.000 изумрени (фосилни) животни.
Набљудувајќи ги животните, човекот отсекогаш барал сличност во животинскиот свет. Така дошол до заклучокот дека некои нивни карактерни особини, изглед и однесување треба на некој начин да се нагласат. Така настанале и многубројните басни и пословици за нив.
Dodatne informacije
| Dimenzije | 14 × 21 цм |
|---|---|
| Autor | |
| Izdavač | |
| Jezik |
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





