Дали сте подготвени за вистинска игра со умот? Лов на сенки дефинитивно ќе ве ангажира умствено.
Дали ви се случило долго време да трагате по книга која ќе ве остави вчудовидени? Или изненадени, можеби шокирани? Верувајте, тоа е - Девојката А.
Дали сте подготвени да се впуштите во мистериозната атмосфера на романот кој собра 8 книжевни награди, стана бестселер и е прогласен за ЕДЕН ОД 100-ТЕ НАЈДОБРИ МИСТЕРИИ И ТРИЛЕРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА од магазинот ТАЈМС. Обична благодет е вистинскиот предизвик.
Сет книги, совршен за љубители на трилери, психолошки драми и криминалистички мистерии.
ОБИЧНА БЛАГОДАТ
За тринаесетгодишниот Френк Драм тоа беше мрачно лето во кое смртта често доаѓаше во посета и добиваше различни форми. Несреќа. Природа. Самоубиство. Убиство. Френк го започнува летото преокупиран со грижите на кое било тинејџерско момче, но кога трагедијата неочекувано ќе го погоди неговото семејство, тој се наоѓа себеси втурнат во свет на возрасни полн со тајни, лаги, прељуба и предавство...
ДЕВОЈКАТА А
Признанијата што ги собра оваа книга со право ја искачија на врвот на многу познати листи. Таа стана најдобриот криминалистички роман на годината според #indipendentUK, влезе во топ 10 бестселер на #sundaytimes, меѓу четирите најпродавани книги на #amazon.
Петнаесет години откако побегна и ги ослободи браќата и сестрите од заробеништво и злоупотреба од страна на нивните родители, возрасната Лекс, адвокатка, мора да ги собере своите браќа и сестри заедно за да одлучат што да прават со „куќата на ужасите“ што им ја остави нивната неодамна почината мајка. Прогонувачка книга, во која мистеријата не е за тоа кој извршил злосторство, туку како да се продолжи со животот после него...
ЛОВ НА СЕНКИ
Многумина му завидуваат на богатството што трговецот со старо железо, Инголф Холгерсен, го има изградено преку долг живот, и многумина го сметаат за студен и надмен. Сепак, тие не знаат дека тој има дијагноза параноидна шизофренија и дека повремено верува дека е прогонуван од сите и сè. Кога Холгерсен го повикува својот син Като и му кажува дека некој пукал кон него, Като мисли дека татко му повторно е болен.
Јорген Јегер минатата година продаде по една книга на секои четири минути, со што стана еден од најпродаваните автори на криминалистички романи во Норвешка.
Купи, прочитај, сподели – мистеријата расте кога умешно ја споделуваме!
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.








