Детски пакет I Најдобрите книги за моето дете I

ISBN13: сет од 3 книги

1.299 den

Kategorije: ,

За Ајнштаjн, Тесла и за сите паметни деца кои сакаат да размислуваат.

Децата природно поставуваат прашања, измислуваат решенија и сакаат да откријат како функционира светот. Нашата задача не е само да им дадеме готови одговори, туку да ја зачуваме и поттикнеме таа љубопитност. Овој пакет од три книги е за децата кои сакаат да размислуваат, да истражуваат, да решаваат проблеми и да откриваат нови идеи — преку приказните за два исклучителни умови и преку играта шах.

Во пакетот добивате:

„Никола Тесла – човекот кој го измисли 21 век“
Книга што го приближува животот и идеите на Никола Тесла до младите читатели. Низ неговата љубопитност, упорност и необичен начин на размислување, децата откриваат како една идеја може да започне како фантазија, а потоа да го промени светот.

„Алберт Ајнштајн – во трамвајот на имагинацијата“
Приказна за човекот кој ни покажа колку далеку може да нè однесе едно добро прашање. Книгата ги поттикнува децата да не се задоволуваат само со она што веќе го знаат, туку да набљудуваат, да се прашуваат и да размислуваат поинаку.

„Ајде да играме шах“
Книга што го воведува детето во една од најпознатите игри на логика и стратегија. Шахот нè учи да размислуваме неколку чекори однапред, да ги предвидуваме последиците од нашите одлуки и трпеливо да бараме решение.

За кого е овој пакет?

За нашите деца кога:

  • постојано прашуваат „зошто?“ и „како?“;
  • сакаат експерименти, загатки и логички предизвици;
  • сакаме да им понудиме книги што не се читаат само за забава, туку и поттикнуваат размислување;
  • сакаме да им покажеме дека големите идеи започнуваат со љубопитност;
  • сакаме преку игра да ги развиваат концентрацијата, трпението и стратегиското размислување.

Трите книги се надополнуваат: Тесла ја отвора вратата кон пронаоѓањето, Ајнштајн кон имагинацијата и прашањата, а шахот кон логиката, планирањето и самостојното донесување одлуки.

3 книги · 15 минути дневно · 90 дена

Не знаеме што ќе сака нашето дете да стане еден ден. Но можеме уште денес да му помогнеме да ја зачува навиката да прашува, да истражува и да размислува со своја глава.

Pin It on Pinterest

Share This