Има еден посебен момент кога детето почнува само да ги следи зборовите, да ги препознава ликовите и полека да влегува во светот на приказните.
Тоа не е само читање. Тоа е почеток на будење на имагинацијата, прва возбуда од преместување во други предели, други времиња и други светови. Читањето е првиот чекор во фантазијата — тивок аларм со кој љубопитноста се буди, а трпението и радоста растат страница по страница.
Затоа го подготвивме пакетот „За најмилите“ — 4 книги за деца што почнуваат самостојно да откриваат нови светови.
Доктор Дулитл носи весела, жива и лесно привлечна авантура — позната и сакана приказна што често станува дел од првите читателски искуства.
Дневникот на Ана Франк го запознава детето со чувствителна приказна за детството, надежта и силата да се зачува човечноста и во тешки времиња.
Пурпурно море е колекција од најубавите бајки од различни земји во светот — руски, кинески, индиски, норвешки и други приказни што лесно го носат детето од еден до друг крај на Земјината топка.
Ромео и Јулија е прв, за деца прилагоден допир со една од најпознатите приказни за љубовта, блискоста и силните чувства.
Ова е мал пакет за голем почеток на авантури: за нашите најмили фантазери, за нивните први самостојни читања и за книжевни светови што долго се паметат.
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.








