Ахмет Митхат Ефенди (1844-1912) бил еден од најплодните писатели на турската книжевност од 19 в. Автор е на околу 150 дела од кои најголем дел се романи и раскази. Се смета за прв популарен писател кој има одиграно големо влијание во воведувањето на романот како литературен вид во турската книжевност. Бил познат новинар и полимат, објавил написи и преводи од областа на математиката, физиката, хемијата, географијата, економијата, филозофијата, правото и образованието.
Романот ја обработува темата на борбата меѓу доброто и злото. Младиот јунак Мустафа Џивелекот ранет од двајца јаничари во една тврдина, го пронаоѓаат мајката Хусна и ќерката Шехлевенд и го спасуваат носејќи го дома. Приказната почнува во Истанбул и продолжува во Алжир каде Мустафа повторно се сретнува со Шехлевенд, која поради немаштија се продала на еден трговец со робје во Алжир. На двајцата им се придружува Алжирецот Хусеин Фелах и сите заедно се обидуваат да уништат една разбојничка дружина. Делото изобилува со заплети, а во центарот на љубовната приказна е младата, пркосна и убава јунакиња Шехлевент.
Dodatne informacije
| Autor |
|---|
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





