Слободни, но по туѓи правила!
За оние што некогаш се запрашале дали живеат по сопствен избор или според изборите што им биле наметнати
Она што го прави човекот – човек, е слободната волја. Па сепак колку од нашата слободна волја и од животот којшто го живееме е диктиран од другите - свесно или несвесно?
Соочен со сопствената слобода, човекот може да почувствува осаменост, несигурност и страв од одговорноста што таа ја носи. Понекогаш, токму поради тоа се откажува од својата индивидуалност, се потчинува на туѓите очекувања и се претопува во мнозинството.
Овој пакет книги нè повикува да ги препознаеме невидливите облици на ропство и да се запрашаме: колку сме навистина слободни?
Колку од изборите што ги правиме навистина се наши, а колку од туѓите очекувања?
- Колку често се приспособуваме за да бидеме прифатени?
- Дали ја жртвуваме слободата за сигурност?
- Колку сме подготвени да бидеме различни кога мнозинството мисли поинаку?
- Дали понекогаш ни е полесно некојдруг да одлучува за нас?
- Колку често стравот нè тера да се откажеме од сопствениот став?
Затоа што кога ќе се осмелиме да го живееме сопствениот живот и кога ќе се ослободиме од потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас, започнува нашата вистинска слобода.
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.








