„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата. Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина. Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.
Dodatne informacije
| Dimenzije | 18 × 26 цм |
|---|---|
| Autor | |
| Izdavač | |
| Jezik |
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





