Три книги за заблудите во воспитувањето, за родителската љубов и развојот на детската личност.
ите сакаме да им дадеме на децата љубов, сигурност и добар почеток во животот. Но токму затоа понекогаш ни е тешко да препознаеме дали навистина им помагаме — или од љубов преземаме премногу, попуштаме кога треба да поставиме граница или очекуваме нешто за што детето сè уште не е подготвено.
Овој пакет од три книги нè враќа кон едно важно прашање: како нашето однесување како родители влијае врз развојот на детската личност?
Во пакетот добивате:
„Воспитување на децата во последните времиња“ – Милош Богдановиќ
Книга што критички ги преиспитува современите заблуди во воспитувањето и го следи развојот на детето низ различни фази – од зависноста и довербата, преку волјата и самостојноста, до разумот, идентитетот и преземањето одговорност. Особено внимание посветува на грешките што ги правиме кога од детето бараме премногу рано или, обратно, предолго правиме сè наместо него.
„Значењето на родителската љубов“ – Игумен Евмениј Перистиј
Книга за љубовта што му дава сигурност на детето, но и простор да расте. За блискоста, прифаќањето, родителската грижа и начинот на кој нашиот однос кон детето влијае врз неговата самодоверба, емоционална стабилност и односот кон другите.
„Воспитување на децата – по примерот на Романови“ – Марина Кравцова
Книга што преку искуството на царското семејство Романови зборува за семејното воспитување, личниот пример на родителите, верата, дисциплината, одговорноста и вредностите што се пренесуваат во секојдневниот живот.
За кого е овој пакет?
За нас кога:
- се прашуваме дали сме премногу строги или премногу попустливи;
- сакаме детето постепено да стане самостојно и одговорно;
- сакаме подобро да ги разбереме различните фази од неговиот развој;
- сакаме љубовта да не ја сведеме само на заштита и исполнување на желбите;
- чувствуваме дека воспитувањето бара и преиспитување на сопствените реакции и навики;
- сакаме во домот да пренесеме вредности што детето ќе ги носи и кога ќе порасне.
Трите книги се надополнуваат: едната ни помага да ги препознаеме заблудите во воспитувањето, другата да ја разбереме улогата на родителската љубов, а третата покажува колку силно воспитувањето зависи од примерот што го даваме во сопствениот дом.
3 книги · 15 минути дневно · 90 дена
Ако сакаме да разбереме што навистина му е потребно на детето, понекогаш треба прво да погледнеме во начинот на кој ние самите го сакаме, водиме и воспитуваме.
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





