Александар Македонски: Наследникот на власта

Mek povez

i

Број на страни: 416

Dimenzije: 14 × 20 cm

ISBN13: 9786082520377

500 den

Šifra proizvoda: 9786082520377 Kategorije: ,

Втор роман на Нелја Гулчук од трилогијата романи за Александар Македонски.

Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток.

Всушност, таа раскажува за периодот на последните години на владеење на големиот македонски владетел и на поделбата на големото македонско царство на неколку помали царства. По смртта на Александар Македонски во империјата почнала борбата за престолонаследник, во која главни соперници станале дотогашните соборци и пријатели на војсководецот Александар – Пердика, Антипатар, Лизи­мах, Антигон, Птоломеј, Селевк и др.

Гулчук раскажува подробно за текот на сложените и тајни перипетии на учесниците во судирите – довчерашните другари и соборци. Во сето тоа има и многу интриги и борбени и љубовни страсти – кои се покажале како главен инструмент во политиката... Всушност, Гулчук раскажува за еден период од историјата на античка Македонија, како нејзин добар познавач.

Dodatne informacije

Dimenzije 14 × 20 цм
Autor

Izdavač

Jezik

Pin It on Pinterest

Share This