Главните ликови во овој грандиозен роман се фатална жена и вљубен млад човек, подготвен на сè заради неа. Но, тоа е модерен урбан роман, извонреден по својата мистична атмосфера на Букурешт меѓу двете светски војни. Џиб Михаеску раскажува модерна приказна за принцези, принцови и просјаци. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена во тоа време. Се смета за голем љубовен роман во романската и на европската литература на ХХ век, но тој е повеќе од љубовен роман.
Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант на младиот Михаи Аспру ќе му го промени животот засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив...
Dodatne informacije
| Dimenzije | 14 × 20 цм |
|---|---|
| Autor | |
| Izdavač | |
| Jezik |
Isporuka
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





