Пријави се за нашиот електронски билтен

Животинска фарма

Достапност: На залиха
Delivery date: 1-2 days
Издавач: ИКОНА
ИСБН:
Автор:
Година на издавање:
Број на страни:
Димензии:
Корица:
Јазик:
200,00 ден.

СИТЕ ЖИВОТНИ СЕ ЕДНАКВИ, НО НЕКОИ СЕ ПОЕДНАКВИ ОД ДРУГИТЕ.

Животинска фарма е најверојатно најголемата сатира на темниот лик на модерната историја.

Настаните во „Животинска фарма” веќе не се алегорија на изминатата револуција, туку драма чии случувања и избори сè уште се актуелни. Овде, како и во последниот роман на Орвел „Илјада деветстотини осумдесет и четврта” кој претставува едно мрачно предвидување на иднината, можеме да прочитаме нешто за нашето време, за корумпираната пропаганда, за оние слогани што беа одново напишани за да можат да ѝ одговараат на сивата еминенција, за машинеријата која води до државна тиранија, за губењето на добрите намери и жртвувањето на историските надежи, за чувството на вечна послушност, која можеби изгледаше наивна, но сепак беше неопходна надеж. Можеме да прочитаме нешто и за зголемувањето на бројот на државните организации и нивните апаратчици, за исфрлањето на моралните заповеди и елиминирањето на противниците. Исто така, треба да веруваме дека моќта на книжевноста може да ги предизвика лидерите кои ги нудат своите свети вистини и историски потреби како оправдувања за проневерувањето на историјата и угнетувањето на индивидуалноста. На кратко, Орвел можеме да го читаме одново и одново.

Од предговорот на Малколм Бредбери

Корисниците кои го купиле овој предмет исто така купија

Шпион во куќата на љубовта

Шпион во куќата на љубовта
299,00 ден.