Акции

Пакет ЛИДЕРСТВО

Original price was: 898 ден.Current price is: 799 ден.

ПАКЕТ КНИГИ – ДНЕВНИК И МИТАРСТВА

Original price was: 948 ден.Current price is: 840 ден.

Реализмот на православието

Original price was: 1,198 ден.Current price is: 999 ден.

Пакет за родители 2+1

Original price was: 1,600 ден.Current price is: 1,350 ден.

Градење подобари бизнис и маркетинг

Original price was: 1,148 ден.Current price is: 999 ден.

Пакет Архитектура од Цумтор

Original price was: 798 ден.Current price is: 690 ден.

Православие и невроза, Светите отци за депресијата

Original price was: 898 ден.Current price is: 790 ден.

Пакет Бизнис

Original price was: 1,098 ден.Current price is: 960 ден.

Житија на Светителите – 2 тома

Original price was: 1,600 ден.Current price is: 1,500 ден.

Пакет за родители 2

Original price was: 948 ден.Current price is: 799 ден.

ПАКЕТ Современи книги

Original price was: 998 ден.Current price is: 799 ден.

Пакет ЛИДЕРСТВО

Original price was: 898 ден.Current price is: 799 ден.
Во Кошничка
✅Дали постои токму такво нешто како совршен лидер? Што ќе ви биде потребно за да успеете? Најмалку три важни заклучоци ќе влијаат на вашите изгледи: • Дека лидерите се создаваат, а не се раѓаат • Дека ви се потребни другите луѓе за да бидете лидер • Дека нема потреба да бидете совршени Лидерството започнува овде! СОВРШЕН ЛИДЕР покажува јасно како секој може да научи да применува лидерство. Оние што се инспиративни лидери се наклонети да бидат исклучително ефективни во седумте И: 1. Интуиција 2. Иницијатива 3. Инспирација 4. Инволвираност 5. Импровизација 6. Индивидуалност 7. Имплементација Тие исто така го истакнуваат можеби најмоќниот елемент на ефективното лидерство: • Способноста да се види што е потребно✅Стани добар лидер и мотивирај ги другите! Лидерство и Менаџерот Една минута оди право кон суштината на менаџментот, опишувајќи ефективни, прилагодливи стилови на Ситуациското Лидерство. Со разбирливи и едноставни изрази, книгата учи како да бидеме флексибилен, успешен лидер, со усогласување на стилот кон потребите на техниките на Менаџерот Една минута за зголемување на мотивацијата кај другите. ✅Во последниве пет години, Ситуациското Лидерство беше камен темелник на нашата програма за менаџментска обука. Сега, преку оваа книга која поттикнува на дејствување, моделот е достапен за секого. Мајк Роуз, главен извршен раководител, Holiday Inns Inc. 🏷 Пакет понуда – 799ден✔ за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189 🌐ikona.mk

БУРМАНСКИ ДЕНОВИ

699 ден
Во Кошничка
➡Во октомври 2024 година се навршуваат 90 години од објавувањето на првиот роман на Џорџ Орвел Бурмански денови. Романот многу се потпира на неговите искуства додека служел во индиската царска полиција во Бурма од 1922 до 1927 година. Иако Бурмански денови беше неговиот прв роман, тоа не беше неговата прва книга. ➡Во 1933 година издавачот Голанц го објави „На дното и отфрлен во Париз и Лондон“, прва публикација што се појави под неговиот псевдоним Џорџ Орвел. Претходно објавуваше статии и критики под неговото вистинско име Ерик Блер. Издавачот Голанц повторно беше очигледниот избор за објавување на првиот роман на Орвел. Сепак, Виктор Голанц не сакаше да ги објави Бурманските денови бидејќи се плашеше дека објавувањето ќе предизвика правни дејствија за клевета од страна на колонијалните администратори. Тој неволно ја отфрли книгата како и издавачите Хајнеман и Џонатан Кејп од истите причини. ➡Орвел тогаш имаше среќа. Јуџин Сакстон, главен уредник на американскиот издавач Harper & Brothers се согласил да го објави романот откако побарал неколку мали промени. Така, првиот роман на Орвел првпат бил објавен во Америка, а не во Британија, во тираж од 2.000 примероци. По два месеци подоцна следеше второто печатење во декември.⭐️Сместен во измислената област Кјауктада во Горна Бурма, во тоа време британска колонија, романот ја раскажува приказната за Флори, 35-годишен англиски трговец со дрво, кој го поминал својот возрасен живот во Бурма. Романот се фокусира на потрагата на осамениот Флори по жена која ќе може да ги следи неговите нетипични ставови во врска со домородното „обоено“ население. ⭐️Флори е вовлечен во смртоносно ривалство кога се спријателува со Верасвами, индиски лекар, кој е под лупа на корумпиран судија. Флори ѝ пркоси на конвенцијата на империјалниот фанатизам во Бурма нудејќи му да му помогне на својот нов пријател, но последиците за него и Елизабет, жената што ја сака, ќе бидат експлозивни.✨Од утре во нашата книжарница ИКона во Рамстор мол и веќе достапна за онлајн нарачки на www.ikona.mk✨ 🏷 699 ден ✔ за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189

ПАКЕТ КНИГИ – ДНЕВНИК И МИТАРСТВА

Original price was: 948 ден.Current price is: 840 ден.
Во Кошничка
Јас да сум старец - духовник - на оној кој сака да оди во манастир, би му ги рекол, онака грубо, следниве работи: - пронајди работа, ако е можно некоја едноставна, и која не е баш креативна (пр.службеник во банка); - додека работиш, моли се и барај внатрешен мир; не се лути; не мисли на себе (на своите права, на праведен третман). Прифати го секого (колегите, клиентите) како некој кој ти е испратен; моли се за нив; - после плаќањето на скромниот стан и храна, дај им ги парите на сиромашните, по можност на поединци, а не на некоја организација; - секогаш оди во иста црква и обиди се да бидеш од помош, не така што ќе држиш предавања за духовниот живот или за иконите, не така што некого на нешто ќе го поучуваш, туку со „крпата по прашината“ (Св. Серафим Саровски). Биди во таква служба и потполно послушен на парохискиот свештеник во црквата; - немој на другите да им сe наметнуваш себеси и својата служба; не биди тажен зашто твоите дарови не се искористени на вистински начин; биди од помош; служи таму каде што си потребен, а не таму каде што мислиш дека си потребен; - читај и учи колку што можеш; немој да читаш само монашка литература, туку и поинаква; - ако пријателите и познаниците те повикуваат бидејќи сте блиски - појди кај нив; но со мерка и не премногу често. Никогаш не останувај кај нив повеќе од час и половина или два. После тоа дури и најпријателската атмосфера станува штетна; - облекувај се како и другите, но скромно и без видливи знаци на духовен живот; - секогаш биди едноставен, лесен и радосен. Не ги поучувај другите. Избегнувај како чума каков било „духовен“ разговор и какво било религиозно или црковно расприкажување. Ако така правиш, тоа ќе биде за твое добро; - немој да трагаш по старец или духовник. Ако ти биде потребен, Бог ќе ти го испрати и тоа тогаш кога тој ќе ти биде потребен; - откако така ќе служиш и работиш десет години - не помалку - прашај го Бога дали и понатаму треба да живееш на тој начин или треба нешто да менуваш. И чекај одговор: ќе дојде; одговорот ќе биде „радост и мир во Светиот Дух“. 🏷 СЕ Е НЕКАДЕНА ДРУГО МЕСТО - 799 ден✔ 🏷 МИТАРСТВА - 149 ден✔ 🏷 ПАКЕТ - 840 ден✔ за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189

Реализмот на православието

Original price was: 1,198 ден.Current price is: 999 ден.
Во Кошничка
🕐Сѐ е некаде на друго место 🕑Реализмот на православието и романтизмот на православните🕒Дневникот на отец Шмеман бил откриен по неговата смрт во 1983 година, кога во неговата работна маса на универзитетот биле пронајдени осум тетратки. Тие тетратки беа повеќе од дневник - тука се запишани неговите размислувања, духовни борби, повремени тешкотии кои доаѓале од многу секојдневни обврски, од периодот на последните десет години од неговиот живот, потоа размислувања за цивилизацијата во која живеел, критики за разни видови погрешна духовност, за радоста на Литургијата, радоста на семејниот живот, радоста на есенскиот ден, радоста на верата...✒Пишуваше на руски, англиски и француски јазик, а неговото семејство и пријателите решија да го објават „Дневникот“, без разлика што отец Александар никогаш не кажал што има намера да прави со него. Но, целокупниот впечаток беше дека намерата била да се објави на крајот на краиштата - како автобиографија, духовен дневник или нешто друго. Дневникот содржи списи од 1973 до 1983 година.🎸БОГ И РОКЕНРОЛ Застарашувачки редови на искреност за силната опојност на дрогата и рокенролот, за огомната талентираност и желбата за достигнување на врвот, ја потресуваат душата на оној што тоа го гледа и чита од еден друг агол, од сегашно време.🎧Сеќавања и извадоци од дневникот на еден монах за неговиот сакан и најдобар пријател од младоста, покојниот сликар и дизајнер Душан Герзиќ – Гера, за ЕКВ, и уште по нешто за Бога, душата, Црквата, современата уметност и денешното време.🎧Во книгата ќе најдете податоци за ЕКВ; но и за ЈУ џетсетот и културниот андерграунд во периодот пред распадот на државата.🏷Се е некаде на друго место 799 ден 🏷 Бог и рокенрол - 399 ден 🏷 Пакет понуда - 999 ден ⏳број на страни од 503+96 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189 🌐ikona.mk 🔗 линк за нарачка

Пакет за родители 2+1

Original price was: 1,600 ден.Current price is: 1,350 ден.
Во Кошничка
✅Совршена пакет комбинација доколку си ги преиспитувате своите начини на воспитување како родител. Најпродаваната книга на Марија Монтесори во кмбинација со уште два прирачници за родителство.✒ ТАЈНАТА НА ДЕТСТВОТО 🌼Марија Монтесори и нејзината методологија на воспитување и учење на децата во образовниот процес е класика која го дефинира во голема мера денешниот пристап на државните училишта во многу европски земји. 📚Таа е извор на методи и неисцрпна инспирација на многу приватни школи кои нудат и сакаат да бидат конкуретни во понудата со интелигентини модели на образование. 🌼Во книгата Тајната на детството Марија Монтесори го опишува детето со топлина и со прецизност на научник и со почит се однесува кон тајните кои ги носи во себе. Прикажува различни техники потребни за користење на детскиот потенцијал за учење.✒ ЗНАЧЕЊЕТО НА РОДИТЕЛСКАТА ЉУБОВ 💙Претерано забрзаното темпо на животот, преголемата зафатеност на родителите – сето тоа е илузија, замка која може да ги држи родителите во ропство долги години, изолирајќи ги од децата, полека и сигурно уништувајќи ја нашата природа, нашето семејство, нашиот дом. 🧡Растејќи, детето се развива во здрава личност правопропорционално со количината и квалитетот на љубовта што ја добива. Многу од успесите или неуспесите на возрасниот човек често се засноваат на оние забрани што ги добило во детството од неговите родители.✒ШТО МУ Е ПОТРЕБНО НА СЕКОЕ МОМЧЕ/ДЕВОЈЧЕ • Чувство за цел и смисла • Силни врски со семејството и заедницата • Духовен компас • Одговори на големите животни прашања • Родители со силна визија за тоа каков млад човек сакаат да пратат во светот 🏷 Тајната на детството – 499 ден 🏷 Значењето на родителската љубов –549 ден 🏷 Како да воспитате прекрасни момчиња/или девојчиња–549 ден 🏷 Пакет понуда – 1440ден✔ ⏳број на страни вкупно повеќе од 600 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189

ЛЕТЕН ПАКЕТ 2 – Книги од Р. Грин 3+1 гратис

1,750 ден
Во Кошничка
🎊ЛЕТЕН ПАКЕТ 2 Пает книги од Роберт ГРИН 🎁3+1 гратис Читајте корисни книги🎉Порачајте ги трите книги КОНЦИЗНИ ЗАКОНИ НА ЗАВЕДУВАЊЕТО 33 СТРАТЕГИИ НА ВОЈУВАЊЕТО 50 ЗАКОН🎁добијте на ПОДАРОК МАРС И ВЕНЕРА ВО СПАЛНАТА СОБА✅Уметноста на заведувањето ја испитува општествената моќ низ објективот на заведувањето. Таа е логично продолжување на книгата 48-те закони на моќта, бидејќи заведувањето е најнедофатливата, суптилна и ефективна форма на моќ што постои. Оваа книга ќе ви покаже кој вид заведување најмногу ви одговара. Нуди најдобри лекции за тоа како да го земете она што го сакате од кого сакате или како да се спречите да бидете заведени. Шарм, убедување, способност за создавање илузии: ова се некои од многуте блескави подароци на Заводникот/чката, привлечната фигура која е способна да заведе.✅33 СТРАТЕГИИ НА ВОЈУВАЊЕТО од авторот на бестселери Роберт Грин, е водич за стратегиите на војната кои можат да ни помогнат да го совладаме современиот свет. Препорачана од Универизтетот во Викторија. Во листата на омилени книги кај врвни спортисти, бизнисмени, ѕвезди... Книгата е синтеза на политичките, философските и религиските текстови и на стратегиите од илјадниците години на воени судири. Заснована е на најгенијалните и најефикасните воени принципи. Овозможува психолошка муниција која ви е потребна да ги надминете губитничките шаблони и да стекнете предност.✅Во Педесеттиот закон, иконата на хип-хоп и поп културата, 50 Cent, ги здружува силите со Роберт Грин, авторот на бестселерот 48 закони на моќта. Резултатот од нивната соработка е „библија“ за успех во животот и работата, која се заснова на еден единствен принцип: не плаши се од ништо. Книгата вклучува интимни приказни на 50 Cent за неговиот живот на улиците и за патот до славата, како и примери од други луѓе кои ги надминале тешкотиите, следејќи ја Педесеттиот закон.🏷 Уметност на заведувањето – 549 ден 🏷 З3 стратегии на војување –499 ден 🏷 50 закон –699 ден 🏷 Марс и Венера во спалната соба – 499 ден✔⏳број на страни вкупно повеќе од 700 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189 🌐ikona.mk

Градење подобари бизнис и маркетинг

Original price was: 1,148 ден.Current price is: 999 ден.
Во Кошничка
💰Дали сакате да бидете одличен лидер? Напнато инспиративен и практичен водич за тоа како да направите да се случат големи работи во вашиот бизнис и личниот живот. ✒️Од д-р Патрик Диксон, наречен водечки футурист во Европа и рангиран како еден од 50-те живи највлијателни бизнис стратези. Оваа брилијантна книга открива како страста за вашите потрошувачи и за вашата мисија е витална за развој на силни брендови. За секого кој се грижи за успех во бизнисот, Градење Подобар Бизнис е задолжително четиво. 💵Секој извршен раководител, менаџер, обучувач, консултант, бизнис студент, инвеститор, политичар и учител треба да ја прочита оваа книга. Таа може да биде најважен водич за маркетинг, менаџмент и мотивација што воопшто сте го прочитале, и може да направи промена на начинот како размислувате за самите себе, за вашата работа, вашето семејство и вашата иднина. Таа ви кажува како: ➡️ да додадете вредност на вашиот бренд; ➡️ да продадете повеќе со помал буџет за маркетинг; ➡️ да ја зголемите лојалноста на потрошувачот; ➡️ да создадете повеќе страст на работното место; ➡️да ја зголемите лојалноста, продуктивноста и квалитетот; ➡️полесно да управувате со промената.💵Книгата 22 НЕПРОМЕНЛИВИ ЗАКОНИ НА МАРКЕТИНГОТ и нивно прекршување на сопствен ризик опфаќа 22 закона кои се сметаат за неизбежни и непроменливи во областа на маркетингот. Некои од нив се: Законот на лидерството: Во секоја бранша, првиот бренд има предност и има најголем успех. Законот на категоријата: Ако не можете да станете лидер во една категорија, создајте си своја. Законот на перцепцијата.. Законот на фокусот....Во книгата ➡️Не наоѓајте клиенти за вашите производи, најдете производи за вашите клиенти. ➡️Изградете нешто што го сакаат 100 луѓе, а не нешто што на 1 милион луѓе им се допаѓа.🏷 Градење Подобар Бизнис – 699 ден 🏷 22 НЕПРОМЕНЛИВИ ЗАКОНИ НА МАРКЕТИНГОТ –449 ден 🏷 Пакет понуда – 999 ден✔ ⏳број на страни вкупно повеќе од 432 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189

Пакет Архитектура од Цумтор

Original price was: 798 ден.Current price is: 690 ден.
Во Кошничка
🏰Швајцарскиот архитект Питер Цумтор ги освои првите награди во архитектурата, наградата Прицкер Архитектура од Хајат фондацијата и наградената златна медал од Кралскиот институт на британските архитекти (РИБА) во 2013 година. Тој работи со голем број на материјали, од кедарски ќерамиди до песочна зрнеста стакло, за создавање на поканувачки текстури. 🏢„Кога ќе почнам, мојата прва идеја за зграда е со материјалот. Верувам дека архитектурата е за тоа. Не станува збор за хартија, не се работи за форми. Станува збор за простор и материјал.“ Кога размислувам за архитектурата, на ум ми доаѓаат слики. Многу од тие слики се поврзани со моето школување и работа како архитект. Тие го содржат стручното знаење за архитектурата кое го имам собирано низ годините. Некои од другите слики се поврзани со моето детство. 🕍Кога создавам градба, честопати се наоѓам потонат во стари, полузаборавени спомени, а потоа се обидувам да се сетам каква навистина била запаметената архитектонска ситуација, што ми значела во тоа време и се обидувам да размислам како сега би можела да ми помогне да ја оживеам таа разиграна атмосфера обземена од простото присуство на нештата, во која сè си има свое одредено место и форма. Сепак, во исто време, знам дека сето тоа е ново и различно и дека не е директно поврзано со некое старо архитектонско дело кое би можело да ја разоткрие тајната на чувството предизвикано од спомени. 🏷Мислејќи архитектура – 399 ден 🏷Атмосфери – 399 ден ⏳број на страни вкупно повеќе од 260 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189 🌐ikona.mk

Православие и невроза, Светите отци за депресијата

Original price was: 898 ден.Current price is: 790 ден.
Во Кошничка
ШИЗОФРЕНИЈА ИЛИ АСКЕТИЗАМ Наведувајќи го учењето на Јунг за персони - маски со кои сите се служиме во секојдневното општење едни со други, Јован Корнаракис, слично на Јунг, не бара од нас целосно тргање на маската, зашто како психолог знае дека тоа е невозможно, туку бара поголема свесност за нејзината непрестајна присутност во нас. За почеток на индивидуализацијата, но и обожувањето, прв услов е: да се видиме себеси и другите такви какви што сме. ...Опасноста која се однесува на другите луѓе почива врз фактот дека оној „кој со умот себеси се лаже“, во своите меѓулични односи проектира облик што го доживува во себе. Така, тој станува параноичен, погрешно го разбира и толкува однесувањето на другите луѓе зашто го набљудува низ очилата на својата маска. Според тоа, она што може да го излечи квалитетот на таа шизофренија е свеста за таа маска.ПРАВОСЛАВНА ПСИХОЛОГИЈА Душевна слобода, душевна светлост и темнина, радост, тага, депресија - се само дел од поимите за кои се зборува во оваа навистина неверојатна книга. Секоја болест има духовни корени, но понекогаш е тешко да се препознаат. Неврозата е специфична болест меѓу другите психијатриски и соматски заболувања затоа што служи како своевиден морален барометар. Нејзината поврзаност со сферата на духовноста е очигледна. Со идолизирање на животот, човек престанува да ја разбира неговата смисла и запаѓа во состојба на депресивна збунетост. Тагата се раѓа од малодушност, мрзеливост и празнословие. Радоста не е грев. Таа ја елиминира секоја грижа што доаѓа од тагата, од која нема ништо добро. Проф. д-р Дмитриј А. Авдеев е лекар-психијатар, психотерапевт, медицински психолог, доктор по медицински науки. Завршил последипломски студии на Богословскиот факултет на Универзитетот „Лукијан Благо“ (Романија). Од 1991 година активно работи на моделот на православната психотерапија. Во текот на своите дваесет години работа им укажал помош на илјадници луѓе.🏷 БШИЗОФРЕНИЈА ИЛИ АСКЕТИЗАМ- 399 ден 🏷 ПРАВОСЛАВНА ПСИХОЛОГИЈА – 499 ден 🏷 Пакет понуда – 790 ден✔ ⏳број на страни околу 345 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189 www.ikona.mk

Пакет Бизнис

Original price was: 1,098 ден.Current price is: 960 ден.
Во Кошничка
📢ИЗОСТРИ ГИ ТВОИТЕ ВЕШТИНИ, ЗГОЛЕМИ ЈА ТВОЈАТА ПРОДУКТИВНОСТ И ПОСТИГНИ ПОВЕЌЕ 🆙Научете како: • Да ги инспирирате работниците да успеат • Да ги подобрите перформансите преку насочување • Да го намалите влијанието од најчестите демотиватори • Да создадете фер и конзистентен систем на наградување • Да ги претворите негативните искуства во позитивни, мотивациски можности Суштински информации за новите менаџери да постигнат повеќе, на личен и професионален план. Создадена да даде проверен и вистински совет од највлијателните светски бизнис умови, книгата содржи практични стратегии и предлози кои ќе ве држат правилно насочени.📶Ефективниот директор треба да биде фокусиран на конкретни цели и да работи кон нивно постигнување. Тој треба да работи на: Приоритетност и временско менаџирање – да ги идентификува најважните задачи и да ги управува со времето. Развој на сопствениот талент: Дракер настојува директорите да го развиваат својот сопствен талент, како и талентот на нивните соработници. Тоа вклучува постојано учење и саморазвој, како и унапредување на умешностите на тимот. Комуникација и тимска работа: Дракер ја нагласува важноста на добрата комуникација и тимската работа во организацијата. Ефективниот директор треба да биде во состојба да ги стимулира и координира членовите на тимот кон заедничките цели. Принципите на етика и одговорност: Дракер ги поддржува принципите на етика и одговорност во менаџментот. Ефективниот директор треба да биде интегритетен и да го води бизнисот во согласност со моралната и правнaтa рамка.

Во почетокот беше словото

499 ден
Во Кошничка
📖Извадок од книгата 🧡Верата – израз на слободатаВерата разбрана како сознание за она што ќе се случи, иако тоа сѐ уште не го гледаме, подразбира слобода. Во секојдневниот живот она што го гледаме нѐ принудува да го признаеме за постоечко, што ја исклучува слободата. Согледувањето на стварноста која е невидлива е можно благодарение на слободата кој е дар на Светиот Дух зашто „каде што е Духот Господов, таму има слобода“ (2.Кор.3,17).🧡Слободното постоење подразбира надминување на сите слабости и ограничувања на природата: гревот, злото, и самата смрт. Основата на постоењето на оној кој е ослободен од смрт е верата во Воскресението Христово. Тоа е воедно и основа на личноста на секој христијанин, зашто да се биде личност, всушност, значи слободно и вечно да се постои. Оној, пак, кој смртта ја прифаќа како своја последна реалност не може да се реализира како личност.📜„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.“ (Јован.1,1) 📜„И Словото стана тело и се всели во нас.“ (Јован.1,14).⏳број на страни од 178 за нарачки: 📩 инбокс 📲078222189

TAROT – Mind Spa Kit

1,099 ден
Во Кошничка
Innovative new format combining 64-page book and integrated component holder. Contains a full deck of 78 high-quality, large-size Tarot cards featuring the classic Rider-Waite iconography. Wellbeing and spirituality are trending, as consumers seek new answers to the pressures of modern life. Discover everything you need to begin your Tarot journey, with a 64-page guide, plus a pack of 78 full-size cards.Paperback:‎ 64 pages Reading age: ‎18 years and up Dimensions:‎ 15 x 20 cm

ESCAPE THE MURDER MANSION

1,499 ден
Во Кошничка
Host your very own murder mystery party! Play as either a traditional escape room or across an evening as a dinner party for a night you'll never forget... as long as you get out in time.Paperback: 64 pages Reading age:‎ 18 years and up Dimensions: ‎ 17 x x 26 cm

UNDERWATER ANIMALS – Magical Light hide and seek Book

899 ден
Во Кошничка
"The water's cold and ice here. Turtle's swum so far! "Come out, come out," she calls, "wherever you all are!" Help Turtle find her friends in this incredible magical light book! Shine the detachable torch across the pages to uncover the ocean's colourful secret characters and join Turtle on a magical, interactive adventure!Board book: ‎12 pages Reading age: ‎4 - 6 years Dimensions: 19 x 24.5 cm

UNICORNS AND FAIRIES- Jigsaw Book

949 ден
Во Кошничка
Board book: 10 pages Reading age‏: ‎ 6 - 10 years Dimensions:‎ 38.6 x 26.6 cm