Блог, Литература

Реценизија за книгата „Мојата љубов Никола Тесла“

“Тој зборува за електромагнетни бранови. Не знам какви се овие што јас ги чувствувам, но има бранови и меѓу луѓето. Мене ме преплавија неговите”.

📖 Кетрин Мекмехон Џонсон и нејзиниот сопруг Роберт Андервуд Џонсон (поет, новинар и амбасадор) биле угледни њујорчани и едни од ретките кои можеле да се наречат блиски пријатели на Никола Тесла. Меѓусебното пријателство се базирало на взаемна почит, однос кој се развивал со текот на времето, меѓу тогашната елита која му се восхитувала на големиот изумител и во деновите кога не останало ништо од тој сјај. Кетрин била вљубена во Тесла, но таа љубов останала само на хартија запишана во дневникот кој таа неуморно ќе го води до крајот на животот, а во кој ги опишува своите опсесивни мисли за човекот-пријател кој никогаш нема да ја погледне на посакуваниот начин.

Авторката пренесува многу детали од животот на Кетрин и Роберт и на оние поврзани со Тесла кои не се толку познати, посебно неговиот однос кон жените, друштвениот живот, како и животот во осамеништво по сите разочарувања.
Дел од писмата кои Кетрин му ги пишувала на Тесла може да се најдат во музејот на Тесла во Белград.

Мирјана Коческа