Блог, Литература

Рецензија за книгата „Балтимор“ – Јелена Ленголд

“Во некој момент сфаќаме дека сите оние приказни од брачните прирачници и совети за брак од женските списанија се чиста глупавост и дека во пракса сето тоа изгледа поразлично”.

?Таа е многу осамена иако навидум има пристоен живот и маж кој ја сака.
Сепак, во нејзиното секојдневие, како и во нејзините мисли се појавува непознат лик кого таа го следи преку веб камера и за кого создава слика во која сака да верува. Но, не се залажува дека таа потреба да се забавува надвор од бракот произлегува од нејзината хировитост, напротив, желбата за возбуда и бегство од себеси и монотонијата во животот со ист човек, се причините за овие ненадејни женски излети.
Во обид да ги разбере сопствените постапки, чувството на страв и недоверба која и го детерминира животот, посетува психотерапевт со кого низ времето се отвора и ја разобличува својата безнадежност.

Авторката раскажува интимна приказна за една жена која е слична на многу други и која се обидува да ги “коригира” своите емотивни блокади и да ја најде причината за своето внатрешно бунтовништво.

Мирјана Коческа