Блог, Литература

Скопје: Топлината на душата на еден град

Скопје: Топлината на душата на еден град

Го посетив Скопје во 1985 година (некако), на една од основните училишни екскурзии, но само за едно попладне. Го видовме часовникот на старата железничка станица (сега зграда на градскиот музеј) застанат во 05:17ч. по разорувачкиот земјотрес и накратко се прошетавме по улицата „Македонија“. Тоа беше сѐ, а моето сеќавање доби вонпросторна карактеристика – се сеќавав само на некои слики, но не можев да ги поврзам со впечатоците за околината. Подоцна неколкупати поминав низ Северна Македонија, одејќи понатаму, а „вистинската“ посета на Скопје остана моја голема желба.
Но, настаните се „местат“ кога сакаат. Сакаме и им даваме крилја, но не можеме да влијаеме на временските капсули. Според тоа, мојата повторна средба со овој град се случи по повод промоцијата на македонското издание на мојот роман „Мојата љубов Никола Тесла“ (во издание на Икона).
Долго време (иако, ништо навистина не е долго или кратко, секундата и милениумот се исто така капки на небесната свест) додека повторно не се сретнавме, Македонија во мојот ум беше најтоплата, најмирољубивата и највеселата република во земјата каде што сум родена јас. Таа го задржа тој архетип дури и кога почетната држава се распадна. Политиката не може да ја промени душата на еден простор и на еден народ. Тоа беше во моите мисли земја на југот, а југот никогаш не ни е доволен нам на зиморливите и желните за топлина, на чекор е до Грција, земјата во чија музика сум вљубена (уште се сеќавам на една вечер во едно белградско кафуле со еден од моите најдобри пријатели каде ансамблот свиреше само македонски репертоар – мојот пријател од народните ритми ги сакаше само македонските и ги послуша моите барања барем еднаш да одиме заедно „на музика“ и да најдеме компромис).
Беше тоа земја во која звукот на тапаните удира токму во центарот на душата (што го разбираше и една од моите духовни учителки, по потекло скопјанка). Земјата во која се настанати песните „Македонско девојче“ и „Море сокол пие“, што директно ме фрлаат во севдах, ме тресат и имам директен контакт со балканскиот дел од мојата душа (другиот е, интуитивно, англосаксонски), кој е силен и доминантен и кога не размислувам за него, дури и кога ме нервира. Балканот е грчевито вграден во ДНК на секој што се родил таму, вака или така, дури и да отишол до крајот на светот. Милозвучност, тага, жал, радост, мака, чемер, јад, љубов, среќа, бавност, неизбежност – сите овие балкански кодови инстинктивно се претставени во македонската народна музика.
Беше тоа земјата опишана во филмот „Пред дождот“ – мека и цврста, духовна и со приговори предизвикани од разликите, земја на древна, жолтеникава, правлива душа (не застаклена, туку соголено искрена и страсна), каков што е, на крајот на краиштата, цел Балкан. Не знам дали има „побалканска“ музика од песната Time Never Dies од тој филм. Тоа е музика што минува низ грлото, белите дробови и желудникот и го повикува балканскиот дел од душата на човекот да му се предаде, до смрт и раѓање, до раѓање и смрт. Тапаните го тресат телото во транс во кој човек паѓа додека ги слуша. Тоа е транс од убавина и лудило. Тоа е, всушност, Балканот, крвотокот на светот, проколнат и просветлен, набрекнат и крвоточен.
Беше тоа земја во која имам пријателка Елена која ја запознав на духовно патување. Не случајно бевме во иста просторија едно време. Секогаш има такви кои некако се комплементарни. Сè што имате да дадете дајте му на оној со кој вашите патишта постојано се вкрстуваат.
И сега бев на пат кон нејзиниот град. Скопје, на брегот на реката Вардар, некогашната дарданска населба Скупи (името потекнува од грчкиот Σκοῦπο), го чува младата венчана планина Водно.
Одам на југ, си зборував во еуфорија и со нетрпение очекував да ја сретнам земјата која има сонце на знамето, чиј ритам едноставно зрачи љубов и радост, со ѕвонлив глас, ритам кој благотворно влијае на јадрото на човекот, на песна на потсвеста.
И, тргнав во ритамот на југот. Тоа беше првиот вистински топол ден налик на лето во Белград, но бев изненадена што беше постудено во Скопје, во текот на сите денови од мојот престој. Можно е тоа да е поради близината на планините, па кога се вратив дома му бев благодарна на мојот Белград, кој ја нема близината на планинската острина. Ветровите дуваат, но не ми пречи. Но, сè уште не е време за крај на приказната, туку за вистински почеток.
Pri ulasku u grad na vidiku su dominantni vrhovi planina. Prolazim pored zgrade Vlade koja je renovirana 2014. godine, u projektu koji je promenio izgled grada za 180 stepeni.
На влезот во градот на повидок се доминантните планински врвови. Поминувам покрај зградата на Владата која беше реновирана во 2014 година, во проект кој го промени изгледот на градот за 180 степени.
Пристигнувам вечер, ме чека Елена, секако во кафана. На вечера дознавам што значи овде нафора (сецкан леб што оди на скара каде се пече месото, одозгора има рендано сирење). Ни приоѓа музиката, ние уживаме. Ни ја пеат „Македонско девојче“! Среќна сум, очекувам да го видам првото преведено издание на мојата книга, утре е тоа, утре е уште далеку, уживам во моментот и се сеќавам, се сеќавам.
Кога утрешнината пристигна во интересен налет од телевизија на телевизија (сите беа максимално професионални и спремни за интервјуа), открив дека во Скопје има Жена Парк, посветен на борците од Втората светска војна и воодушевена сум. Во ниту еден град не сум видела целиот парк да е посветен на жената, жената, принципот на жената. Женската борба. Затоа што се знае дека има периоди на мир и дека, за жал, има војна и во војната треба да се води, а не да се чека. И војната не е само воена состојба, туку борбата е неопходна дури и кога се освојуваат сопствените нови видици и граници. Никој нема да ги досегне место нас, а најмалку оние кои рекламирајќи ги своите духовни семинари нè учат дека борбата е нешто лошо. Не е. Живееме во свет во кој владее опстанокот на најсилните и треба да знаеме кога сонуваме и кога се обидуваме да ги оствариме соништата со конкретна акција.
Ќе цитирам еден од моите пријатели од минатото: „Важно ми е да знам дека сум направил сè во мојот живот, дека сум пробал сè, дека сум дошол пред Бога толку ранет и крвав и му реков дека направив сè што можев, речиси изгинав трудејќи се, ти се предадам сега, дури сега“.
Луѓето кои ги среќавам се топли, искрени, културни и неоптоварени, многу ми се допаѓаат. Поминуваме покрај новопоставениот споменик на Александар Македонски, чија структура не ми е најсреќното решение, но не коментирам. Александар Македонски, инаку, бил крал на античкото кралство Македонија и припадник на династијата Аргијади. Роден е во градот Пела. На споменикот во Скопје пишува дека Александар има хеленско потекло (истото важи и за споменикот на неговиот татко Филип).
Со Елена продолжуваме кон тврдината на скопското Кале, од каде што се гледа целиот град. „Кале“ на турски значи „тврдина“. Ова место памети многу чекори, од 6-от век, кога е изградено првата градба, преку крунисувањето на царот Душан, до земјотресот што ја оштетил неговата градба. Ми се допаѓа што луѓето во Скопје седат во паркови на трева, во Белград тоа никогаш не заживува. Ги видов и на тврдината и во главниот градски парк, полн со дрвореди.
Ако има нешто што сакам на овој свет, тоа се дрворедите. Мирни и монументални ја воодушевуваат мојата душа што ги сака растенијата, тишината и благото шушкање на лисјата, а мојата желба за прецизност во групирањето (линијата настеблата) е задоволена.
Го поминуваме Вардар преку Камениот мост (Душановиот мост), поминуваме покрај фонтана украсена со фигури на жени со деца како и трудници – тоа повторно ме возбудува. Не се сеќавам дека некаде сум видел такви групи на фигури и велам „секоја чест“. Одиме во Старата чаршија, која малку ме потсетува на Башчаршија (а сакам да се вратам таму по трет пат), каде што ги купувам познатите колачи со падобран а ги додавам оресниците. Гравче-тавче е неизбежно (поради некоја причина секогаш велам тавче-гравче) и не се одрекувам и од ќабабите (одлични се). На Камениот мост, млад човек свири на цитра, звукот е типично македонски, лесен и тажен, балкански, влегува во ткивото затоа што е идентичен.
Еден од новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ е кружната зграда на водовотот, ми се допаѓа. Често го слушам зборот „сокче“ (деминутив од сок), ми се допаѓа. Ми се допаѓаат деминутивите на овој топол народ со раширени раце. Уште повеќе „ми се лепат за срцето“ од впечатоците од луѓето на промоцијата и непосредноста на присутните кои, за моја среќа, учествуваат и прашуваат, а длабоко го чувствуваат мојот роман за жената која најмногу го сакаше Никола Тесла. Ги чувствувам и нивните солзи, ентузијазам, добрина, сочувство и синхроницитет.
Елена вели: „Мораш да ја видиш Матка, таму има посебна енергија“, и јас се согласувам. Сакам да ме води локалец, затоа што знае. Излегуваме од Скопје, поминуваме низ Сарај. На турски значи „куќа, палата“, а зборот потекнува од Персија. Се приближуваме до селото Матка каде се наоѓа кањонот. Во 1937 година е создадено вештачко езеро со брана на реката Треска. Сакам клисури и тесни премини, можеби затоа што мојата ДНК потсвесно се стреми кон потешки патеки до што било. Она што е лесно е и кратко, често мислам и, колку и да не ми се допаѓа понекогаш, камените теснеци ми се судбина, сè добивам на поболен начин. Но, она што се чека со предизвици дава најдобри резултати, рече отец Марко, кој живее во САД и кого имав можност да го запознаам минатиот декември. Не можев да бидам посогласна со што било од тоа.
На враќање кон градот нè превезе семејство од кое Елена само побара информации. Тоа е Македонија – земја на спонтани и дарежливи луѓе. Тој настан е доволен за да се објасни.
Дел од вечерта поминуваме во хотелот Mi Casa. Воздухот е поостар и вистинското лето уште не е пристигнато (во мај го очекував на југ, признавам), но искуството е незаборавно. Скопје повторно го гледам на дланка. Пијам чај од липа кој е златен во висока чаша. Стебленцата се долги, а течноста е слатка и без шеќер и оживува.
Последниот ден се шетаме по улица Македонија. Стигнувам до часовникот што застана во 17:17 часот. Заокружувам круг што започна во раните 80-ти. На една прекрасна зграда гледам камени мурали на светиот император Константин и царицата Елена. Од другата страна на улицата се истоимените цркви чија изградба е при крај.
Моите домаќини се уверени дека повторно ќе дојдам. Тие се души кои искрено го сакаат тоа. Ми се допаѓа враќањето во Белград и звукот на трамвајот на мојот булевар, но едно знам – овој пат Скопје ми беше „вистинско“ и никогаш нема да го заборавам.
Ана Атанасковиќ / Само љубов

Related Posts