Девојчето со форичката ја црпи својата динамика според психологијата на другарувањето и предизвиците што ги носи меѓусебното разбирање и споделување. Врсничките Сања и Ања се неразделни другарки уште од бебиња и тие му се радуваат на своето заедништво дури и тогаш кога дознаваат дека Сања најверојатно ќе го мине животот во количка. Тоа не ги спречува двете другарки да продолжат и понатаму да ја делат училишната клупа, заедно да ги пишуваат домашните задачи, да си играат, да слушаат музика, да се шетаат, дури и да се возат во форичката (формулата-количка) на Сања, се додека еден ден Ања не одлучи да почне да трча и со тоа да ја снема од животот на Сања.
Дополнителни информации
| Димензии | 24 × 24 cm |
|---|---|
| Автор | |
| Издавач | |
| Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.





