Блог

Законите на човечката природа: Интервју со Роберт Грин, авторот на бестселерот 48 закони на моќта

Со децении Роберт Грин набљудува, проучува и пишува за луѓето и моќта. Преку овие истражувања, тој создава низа од бестселери кои објаснуваат зошто луѓето го прават она што го прават, како овие обрасци на однесување влијаат и го обликуваат светот и се разбира, како можеме да развиеме стратегии за да се заштитиме и да напредуваме во оваа често ирационална средина. Неговата книга 48 закони на моќта е продадена во милиони примероци низ целиот свет. Додека неговата книга Мајсторство сега е класика за секој што се занимава со занает и го следи својот повик. Наскоро во издание на Икона ја очекуваме и неговата последна книга Дневните закони.

Што научивте за човековата природа што или не сте го знаеле или не сте го разбрале до сега?

Живееме во компијутеризирана доба каде сѐ е поврзано со алгоритам и формули, но луѓето се толку многу посложени од која било машина или компјуер. Не можете да започнете да ги калкулирате видовите на реакции што можат да се добијат. Секој човек е толку различен и комплексен, а ние се обидуваме да ги поедноставиме. Го поедноставуваме човечкото однесување. Мислиме дека сѐ може да се сведуе на една единствена причина – го направија ова заради тоа. Сите доаѓаме од особено уникатно место во животот. Ако се додадат сите варијабли – сите сме родени во конкретен историски момент, во конкретна социјална класа, од конкретни родители кој си го носат својот багаж од своите родители. Нема две личности што се целосно исти.

Очигледно една од темите на твоите книги е колку луѓето се ирационални и неумерени. Зошто?

Па, премисата на моите книги е дека имаме – и ова е поедноставување на работите – пониско и повисоко јас. Пониското јас е нашата животниска природа, нашата приматска природа. Факт е дека имаме тенденција да реагираме на она што ни е веднаш пред лице. И ние секогаш сакаме работите да биадт полесни за да тргнеме по патот на најмал отпор. Сите ние ги поседуваме овие одлики во себе, во нашата природа и обично тој е посилен, но во исто време постои и повисоко јас за кое тежнееме да станеме. И можеби сум оптимист, но сметам дека сите имаат тенденција да го досигнат повисокото јас.

Твоите книги исто така зборуваат и за емпатија. Зошто е таа толку важна? За што е полезна?

Да почнеме со примарниот закон на човековата природа. Ако треба да кажам кој е тој закон тогаш веројатно тоа е да негираме дека имаме човечка природа, да негираме дека сме подложни на овие сили. Мислиме: „Не сум ирационален, не сум агресивен, не чувствувам завист, не сум нарцисоиден.“ Секогаш е другата страна. „Јас? –Не.“ И затоа навистина се обидувам да ве ослободам од таа гадна навика која е толку вкоренета во нас. Вистината е дека сите ние сме еволуирале од ист извор. Нашите мозоци во основа се исти. Сите сме испреплетени и делиме истa природа.
Не е лесно. Потребен е труд за да го заклучиме ова, бидејќи нашата природна препоставка е да чувствуваме дека сме супериорни. Се издвојуваме од другите. Мислиме:„Јас сум поинтелегентен, поморален, порационален, изгледам поубаво.“ Тоа е толку вкоренето и има удел во главниот блок кон повисокот јас.

Една од критиките за вашите книги е дека тие се неморални или дека потрагата по моќ или успех е во спротивност со филозофскиот живот, добриот или моралниот живот. Што велиш за тоа?

Луѓето не го сакаат чувството на недостиг на контрола. Така можете да мислите дека моите книги се неморални или дека некако сте избегале од оваа динамика за желба за моќ и манипулирање со луѓето. Но, не можете да избегате од тоа, вие сте заробени во вашата природа, во она што сте. Сите сме заровени во начинот на кој сме меѓусебно поврзани. Луѓето бегаат од она што навистина се случува во светот. Јас сакам тие директно да погледнат во очите на нашата природа – гладна, манипулативна како агресивно животно. Сакам луѓето да не бегаат од тоа заради некаква желба или мислење дека тие си ги имаат своите ангели, дека се просветлени.

*превземено/преведено од dailystoic.com

Related Posts