Блог

Познатите препорачуваат – Маја Ангелоу

Американската поетеса и активиска Маја Ангелоу еднаш кажа „Која било книга која му помага на детето да формира навика за читање, да го направи читањето една од длабоките и континуирани потреби, е добра за него.“ Таа го установи ова мислење низ нејзиниот значаен и дарежлив живот, охрабрубајќи ги „сите да читаат сѐ.“ А нејзината работа – преполнa со искреност, чувствителност и силен дух – ги охрабри и им помогна на милиони кои го негуваат нејзиното дело.

Таа објави 7 седум автобиографии, три книги со есеи, неколку книги поезија, а е заслужна за низа на театарски претстави, филмови и телевизиски шоуа. Сепак, Ангелоу е најпозната по нејзината серија од седум автобиографии, кои се фокусираат на нејзиното детствo и искуствата од раната возраст. Првата книга од оваа серија, „Знам зошто пее заробената птица “ (1969), зборува за нејзиниот живот се до 17тата година и донесе интернацинално признание.
Ова се петте книги кои оставиле големо влијание во нејзината работа и кои таа ги препорачува:

Little Woman by Louisa M. Alcott
„Кога ја прочитав оваа книга, знаев дека овие девојки се бели. Но, тие беа добри девојки и ги разбирав. Се чувствував како да сум речиси таму со нив, во нивната дневна соба или во нивната кујна.“

A Tale of Two Cities by Charles Dickens
„На почетокот бев многу импресионирана од Чарлс Дикенс. Пораснав на југот, во мало село во Арканзас, а белците во мојот град беа навистина злобни и груби. Дикенс, можев да кажам, не би бил човек кој би ме проколнувал и би зборувал неучтивно.“

Invisible Man by Ralph Ellison
„Кога првпат го прочитав романот на Елисон од 1952 година, беше како некој да запали силно светло во темен ходник. Она што мислев дека е толку застрашуваќко, толку страшно беше само сенка.“

Look Homeward, Angel by Thomas Wolfe
Прочитав се што Томас Вулфи некогаш напишал; брат ми и јас мемориравме цели поглавја од „Не можеш да одиш дома повторно“. Тешко е да избереш само една од неговите книги, но неговата приказна за човек кој го напушта својот град во Северна Каролина во потрага по подобар живот, веројатно мене ми беше најважна.

The Collected Poetry of Paul Laurence Dunbar
Кога општеството ќе те омаловажи, а има поет кој ја споредува бојата на твојата кожа со чоколада и кафеав шеќер, се заљубуваш – затоа што ти треба. Пол Лоренс Данбар – кој е еден од најдобрите поети на 19 и 20 век кој пишува за Афроамериканците и ми ја покажа убавината на нашата боја и чудесноста на нашата музика.

Related Posts