Блог

ОВА Е ВОДА

Говорот на Дејвид Фостер Валас во 2005 година за матурата на колеџот Кенион, е безвременско толкување на мудроста. Овој говор е на ниво со Хантер Томпсон и има цел човек да ја пронајде својата цел и да научи да живее живот со значење. Говорот беше издаден во мала книга со наслов Ова е вода – Мисли, изнесени на значаен настан, за живеење сочувствителен живот. 
Во продолжение го објавуваме во целот неговиот говор, кој според вработените во Икона, е еден од најважните во 21-от век

Имало две млади риби кои пливале заедно. Пливајќи така се среќаваат со постара риба која пливала во обратен правец, која ги поздравува и вели: “Добро утро, момчиња. Како е водата? “Двете млади риби пливаат уште малку, а потоа еден од нив погледнал кон другиот и рекол: “Што, по ѓаволите, е вода?”
Ова е стандардна шема на почетните говори во Америка, кажување на дидактички приказни за приказната. А приказната е една од подобрите, помалку бесмислени описи на жанрот, но не грижете се, не планирам да се претставам овде како мудрата, постара риба објаснувајќи каква е водата на вас помладите риби. Јас не сум мудрата старa риба. Поентата на приказната со рибите е дека најочигледните, најважните вистини често се оние кои најтешко се гледаат и анализираат. Се разбира, ова е само банална конотација, но факт е дека во секојдневните огради на животот на возрасноте, баналните конотации можат да имаат значење на живот или смрт. Затоа, тоа сакам да ви го сугерирам ова прекрасно утро.
Се разбира, главниот цел на вакви говори е тоа што треба да зборувам за значењето и уметноста на вашето образование. Да се обидам да објаснам дека стекнувањето на дипломата која ќе ја добиете има вистинска човечка вредност, а не само материјална исплатливост. Тогаш, ајде да зборуваме за единственото и најпознато клише во жанрот на започнување на говор. Тоа е дека образованието не е толку важно за вас за да се стекнете со знаење, туку дека се работи за “учење како да размислувате”. Ако сте како мене, кога бев студент, никогаш не сте сакале да го слушнете ова, и со тенденција да се почувствувате малку навредени од тврдењето дека ви е потребен некој да ве научи како да размислувате, бидејќи тука е фактот дека добивте признание на колеџ, а тоа би требало да изгледа како доказ дека веќе знаете како да размислувате. Но, јас ќе се обидам да ви објаснам дека клишето се покажува дека воопшто не е навредливо, бидејќи навистина значењето на образованието кое е во размислувањето, всушност не е за капацитетот за мислење, туку за изборот за што да размислувате. Ако вашата целосна слобода на избор во врска со тоа што да размислите, изгледа премногу очигледна за да потрошите време за дискусија, би ве замолил да размислите за рибите и водата, и да се оградите за само неколку минути од вашиот скептицизам за вредноста на очигледното.
Еве уште една дидактичка приказна. Постојат овие двајца момци кои седат заедно во еден бар во далечната дивина на Аљаска. Еден од момците е религиозен, а другиот е атеист, а двајцата се расправаат за постоењето на Бога со тој посебен интензитет што доаѓа по четвртото пиво. И атеистот вели: “Гледај, не е дека јас немам вистински причини да не верувам во Бога. Не дека не сум експериментирал со Бог и молитвата… Еве минатиот месец бев изгубен надвор од кампот за време на ужасната бура и бев целосно очаен и не можев да видам нешто, а температурата беше под 40. И тогаш, се обидов: паднав на колена во снегот и извикав: “О, Боже, ако има Бог, јас сум изгубен во ова невреме, и ќе умрам ако не ми помогнеш.” Тогаш, религиозниот човек го погледна атеистот целиот збунет. “Па, тогаш мораш да веруваш сега”, му рекол, “На крајот на краиштата, овде си, жив”. Атеистот превртувајќи со очите му рекол. “Не, човеку, тогаш неколку ескими случајно дојдоа и ми го покажаа патот до кампот”.
Лесно е да се прикаже оваа приказна преку стандардна анализа: истото искуство може да значи две сосема различни работи на двајца различни луѓе, земајќи ги во предвид двата различни шаблони на верување на овие луѓе и два различни начини на градење на значењето и верувањето преку искуството. Бидејќи наградуваме толеранција и разновидност на верување, никаде во нашата анализа не сакаме да тврдиме дека интерпретацијата на едниот е вистина, а на другиот е невистита или неточна. Што е во ред, освен што никогаш не зборуваме од каде доаѓаат овие индивидуални шаблони и верувања. Значи, како се всадиле кај нив двајца. T.e. ако најосновниот поглед на човекот кон светот, и значењето на неговото искуство беа некако едноставни, како неговата висината или бројот на чевлите; или автоматски значењето да се добивше од културата, како што е јазикот. Или тоа како го конструираме значењето, што всушност не е прашање на личен, намерен избор. Плус, тука е целата работа на ароганција. Нерелигиозен човек е целосно уверен во неговото отфрлање на можноста минувачите Ескими да имале нешто со неговата молитва за помош. Навистина, има многу религиозни луѓе кои изгледаат арогантни и сигурни за сопствените толкувања, исто така. Тие се веројатно дури и повеќе одвратни од атеистите, барем на повеќето од нас. Но, проблемот со религиозните догматичари е исто како кај неверникот во приказната: слепата сигурност, заслепеност во верувањата што значи целосно затворање што затвореникот дури и не знае дека е заклучен.
Поентата овде е што навистина она што ме учеа како да мислам навистина треба да се разгледа. Да се биде помалку арогантен. Да имам малку критичко расудување за себе и за моите вредости. Бидејќи огромен процент на работите за кои тежнеам, а по автоматизам сум сигурен, излегува дека се сосема погрешни и неточни. Го научив ова на потешкиот начин, како што предвидувам и вие исто така ќе го научите.
Еве само еден пример за целокупната погрешност за што јас сум убеден дека е автоматски и со сигурност точна: сè во моето непосредно искуство го поддржува моето длабоко уверување дека сум апсолутен центар на универзумот; реалниот, најживописниот и најзначаен човек кој постои. Ние ретко размислуваме за овој вид на природна и базична самоцентричност, бидејќи тоа би било толку општествено одбивно. Но, тоа е речиси исто за сите нас. Тоа е наше вродено гледиште, поврзано со нашите сфаќања од раѓање. Размислете за тоа: нема искуство што сте го имале, а во кое не сте апсолутен центар. Светот како што го доживуваме е или свет пред нас или свет зад нас, лево или десно од нас, на твојот ТВ-уред или на твојот екран. И така натаму. Мислите и чувствата на другите луѓе треба да ти бидат соопштени некако, но твоите сопствени се толку неодложни, итни, реални.
Ве молам, не грижете се дека се подготвувам да ви држам предавња за сочувство или друга насоченост или сите т.н. доблести. Ова не е прашање на доблест. Ова е прашање на изборот да ги направам нештата на поинаков начин или да се ослободам од мојата природна, вроденото гледиште која треба да биде целосно и буквално самоцентрично и сè да види и интерпретира преку овој објектив. Луѓето кои на овој начин можат да го прилагодат нивното природно гледиште, често се опишуваат како “добро прилагодени”, што јас ви сугерирам дека не е случајен термин.
Со оглед на триумфалното академско поставување овде, очигледното прашање е колку од оваа работа за прилагодување на нашите стандардни гледишта вклучува вистинско знаење или интелект. Ова прашање станува многу незгодно. Веројатно најопасната работа во академското образование – барем во мојот случај – е моја тенденција за прекумерно интелектуализирање на нештата, за притоа да се изгубам во апстрактни аргументи во мојата глава, наместо едноставно да обрнувам внимание на она што се случува токму пред мене, и да обрнувам внимание на тоа што се случува во мене.
Сигирен сум дека знаете до сега, крајно е тешко да останете будни и внимателни, наместо да бидете хипнотизирани од постојаниот монолог во вашата глава (можеби се случува токму сега). Дваесет години по моето дипломирање, дојдов постепено да сфатам дека клишето на либералното образование, т.е. учење како да размислувате е всушност кратенка за многу подлабока, посериозна идеја: учењето како да размислувате навистина значи учење како да остварите некоја контрола врз тоа што и како мислите. Тоа значи да бидете доволно свесни и запознаени за да го одберете она на што му обраќате внимание и да одберете како да го конструирате значењето од искуството. Затоа што ако не можете да го практикувате овој вид на искуство во понатамошниот живот, ќе бидете целосно затворени. Помислете на старото клише за изреката умот е одличен слуга, но ужасен господар.
Ова, како и многу клишеа, толку несмасно и невозбудливо на површината, всушност, изразува голема и ужасна вистина. Не е ни малку случајно дека возрасните кои извршуваат самоубиство со огнено оружје речиси секогаш се стремат кон: главата. Го убиваат ужасниот господар. И вистината е дека повеќето од овие самоубијци всушност се мртви долго пред да го повлечат орозот.
И јас потврдувам дека тоа е она што треба да биде вашата вистинска, без срања, вредност на вашето образование: како да се воздржите да минувате низ вашиот удобен, просперитетен, респектабилен возрасен живот како несвесни, робови на вашиот ум и на вашата вродена навика за да бидете уникатни, а притоа секојдневно да сте целосно осамени. Тоа може да звучи како хипербола, или апстрактна глупост. Ајде да бидеме конкретни. Факт е дека вие како дипломци сеуште немате поим што значи “ден за ден”. А тоа е целиот, или голем дел на животот на возрасните американци, а за кое никој не зборува на вакви свечени говори. Еден таков дел вклучува досада, рутина и сожалувачка фрустрација. На родителите и постарите луѓет овде јасно им е за што зборувам.
На пример, да го опишеме просечниот ден за возрасните: стануваат рано и одат на одговорна, чиновничка работа, која се добива со завршување на факултет, и работат напорно осум или десет часа, за на крајот на на денот кога се уморни и малку под стрес, сè што сакаат е да одат дома и да имаат добра вечера и можеби да се одморат еден час, а потоа да заспијат порано, бидејќи, се разбира, треба да станат следниот ден и да го направат сето тоа повторно. Но, враќајќи се накај сфаќаат дека дома нема храна. Заради нивната исцрпувачка работа немале време да испазарат оваа недела, и така сега, после работа, ќе мора да влезат во автомобилот и да отидат во супермаркет. Тоа е крај на работниот ден и сообраќајот знае да биде многу спор. Значи, за да стигнете до продавница се губи повеќе време отколку обично, и кога конечно ќе стигнат таму, во супермаркет е гужва, бидејќи, се разбира дека е време на денот кога сите други луѓе кои работат, исто така, се обидуваат да се завршат со некои купување намирници. А продавницата е застрашувачки светла и исполнета со музика која ја убива душата или некоја корпоративна поп-музика и тоа е отприлика последното место каде што сакате да бидете, но не можете само да влезете и брзо да излезете; мора да талкате низ збунувачките полици со производи за да ги пронајдете саканите производи и да ја возите својата валкана количка низ сите други уморни, забрзани луѓе со колички (итн, итн, ги кратам другите описи зашто ова е долга церемонија) за на крајот откако ќе ги најдете сите ваши намирници за вечерата, сфаќате дека нема доволно отворени каси на излезот, иако тоа е ударен дел на денот. Значи редицата на каса е неверојатно долга, што е глупаво и бесрамно. Но, не можеш твојата фрустрација да и ја пренесеш на изнемоштената дама која работи на каса, и која е преморена од работа и чија дневна досада и бесмисленост ја надминуваат имагинацијата на сите нас овде на овој престижен колеџ.
Но сеедно, конечно стигнувате на редот на касата и плаќате за вашата храна, и ве поздравуваат со “Имајте пријатен ден”, со глас кој апсолутно е како глас на смртта. Тогаш мора да ги земете вашите никакви, кинливи, пластични кеси со намирници во вашата количка – со едно расипано тркало – која обично влече на лево, низ патеката до колата, излегувајќи низ преполн, раскрнкан, паркинг, за потоа да морате да се возите до дома низ бавен, тежок, SUV-интензивен сообраќаен метеж итн, итн.
Сите тука приститни го живеат тоа. Но вам како студенти, тоа сè уште не ви е дел од вашиот рутински живот, ден па недела па месец и година.
Но, и тоа ќе биде. И многу повеќе тмурни, досадни, навидум бесмислени рутини покрај тоа. Но, тоа не е поентата. Поентата е дека ситните, фрустрирачки срања како ова е токму тоа каде што ќе дојде работата на изборот. Бидејќи сообраќајните метежи и преполните продавници и долгите линии на каса ми даваат време да размислувам. И ако не донесам свесна одлука за како да размислувам и на што да обрнам внимание, јас ќе бидам разочаран и мизерен секој пат кога ќе мора да купувам. Бидејќи мојата вродено гледиште е убеденоста дека во ваквите ситуации јас сум центарот на дејството. Мојот глад и замор и мојата желба да стигнам побрзо дома. Тогаш целиот свет ќе ми изгледа како сите други да ми го попречуваат патот. И кои се сите овие луѓе на мојот пат? И гледај колку се одвратни повеќето од нив, и глупави, со поглед на крава и со мртов поглед и колку нечовечки тие изгледаат во редот на касата. И колку е вознемирувачки и грубо, тоа што, луѓето гласно зборуваат на мобилни телефони додека чекаат во редот. Гледајќи така сфаќаш колку сето ова е нефер.
Или, се разбира, ако сум во општествено одговорно – либерално образовно расположение на моето вродено размислување, можам да го потрошам времето во сообраќајната гужва после работа згрозувајќи се од сите огромни, глупави, Џипови кои ги блокираат лентите заедно со сите Хамери и V-12 Пикапи, кои ги согоруваат своите огромни резервоари. Притоа неможејќи да го игнорирм фактот дека патриотските или религиозните налепници на колите секогаш се наоѓаат на најголемите и најодвратно себични возила, управувани од најгрдите (ова е пример за тоа како да не мислите), непредвидливи и најагресивни возачи. И можам да замислам како децата на нашите деца ќе нè презираат за трошењето на целото гориво од иднината, а веројатно и уништувањето на климата, и колку сме расипани и глупави, себични и одвратни, и колку модерното потрошувачко општество е труло и така натаму и така натаму.
Ме разбирате што сакам да кажам.
Ако одлучам да размислувам вака во продавница и на автопат, ОК. Многу од нас така прават. Освен тоа размислувањето на овој начин има тенденција да биде толку лесно и автоматски, што не мора да биде избор. Тоа е моето природно стандардно размислување. Тоа е автоматски начин на кој ги доживувам досадните, фрустрирачки, преполни со гужва делови од возрасниот живот кога размислувам автоматски, несвесно верувајќи дека сум центар на светот и дека моите сегашни потреби и чувства се она што треба да ги одредат светските приоритети.
Работата е дека, се разбира, постојат сосема различни начини да се размислува за вакви ситуации. Во овој сообраќај, и сите овие возила кои ми го попречуваат патот, не е невозможно дека некои од овие луѓе во Џиповите биле учесници во ужасни сообраќајни несреќи во минатото, а сега возењето да им е многу застрашувачко дури и нивниот терапевт да им препорачал да возат огромен, тежок Џип, за да можат да се чувствуваат доволно безбедни при возењто. Или дека Hummer-от кој само што ми го пресече патот можеби е управуван од таткото чие мало дете е повредено или болно во седиштето до него, и тој се обидува да го однесе детето во болница, и тој е во поголемо, повеќе легитимно брзање отколку што сум јас: всушност, јас сум препреката на неговиот пат.
Или можам да изберам да се натерам да ја разгледам веројатноста дека сите други во линијата на каса во супермаркетот, се исто толку изморени и фрустрирани како што сум јас, и дека некои од овие луѓе веројатно имаат потешки, понапорни и побанални животи од мене.
И повторно, немојте да мислите дека ви давам морални совети или дека кажувам дека треба да размислувате на овој начин, или дека некој очекува по автоматизам да го сторите тоа. Затоа што тоа е тешко. Потребна е волја и напор, и ако сте како мене, во некои денови нема да бидете во можност да го направите тоа, или едноставно нема да сакате да го сторите тоа.
Но, повеќето денови, ако сте доволно будни за да си дадете себеси избор, можете да изберете да гледате поинаку на таа дебела, со мртви очи, пренашминкана госпоѓа, која штотуку му се развика на нејзиното дете чекајќи во редот. Можеби таа не е таква вообичаено. Можеби таа била будна последните три ноќи држејќи го за рака својот сопруг кој умира од рак. Или можеби токму оваа жена е ниско платен службеник во одделот за осигурување моторни возила, и која вчера и помогна на вашата сопруга да реши ужасен, навредлив проблем помагајќи со некоја мала услуга на бирократска љубезност. Се разбира, ништо од ова не е веројатно, но исто така не е невозможно. Тоа зависи само од она што сакате да го земете во предвид. Ако сте автоматски сигурни дека знаете што е реалноста, а вие се однесувате според вашите вродени инстинкти, тогаш и вие, како мене, веројатно нема да ги разгледате можностите што не се досадни и мизерни. Но, ако навистина научите како да обрнувате внимание, тогаш ќе знаете дека се можни и други опции. Всушност, ќе биде во ваша моќ да ја доживувате гужвестата, жешка, бавна, ситуација на потрошувачкиот-пекол не само како значајна, туку и како света, и да бидете на иста линија со истата сила што ги направи ѕвездите, љубовта, мистичното заедништвото и многу подлабоко.
Не дека тие мистични нешта се нужно вистинити. Единственото нешто што е со големо Т – Точно е дека сам можеш да одлучиш како ќе се трудиш да ги видиш.
Јас гледам на ова како на слободата на вистинско образование, и учење како најдобро да се прилагодиме. Можеш свесно да одлучиш што има значење, а што не. Можеш да одлучиш што ќе обожуваш.
Еве нешто друго што е чудно но точно: во секојдневниот возрасен живот, всушност, не постои такво нешто како атеизам. Не постои такво нешто дека не обожавате. Сите обожаваат нешто. Единствениот избор што го имаме е што обожуваме. И огромната причина за изборот на некој вид бог или духовен прототип на нешто за обожавање – било да е тоа Исус Христос или Аллах, било да е тоа Јахве или Четвртата благородна вистина, или некој неповредлив сет на етички принципи – на што ќе му се поклониш – тоа ќе те изеде жив. Ако обожавате пари и нешта, ако тие се таму каде што барате вистинското значење во животот, тогаш никогаш нема да имате доволно, никогаш нема да почувствувате дека имате доволно. Тоа е вистината. Обожувајте го своето тело, убавина и сексуална привлечност и секогаш ќе се чувствувате грд. И кога годините и староста ќе почнат да се покажуваат, ќе умрете милион пати пред станете огорчeни. На едно ниво, сите ние веќе ги знаеме овие работи. Тоа е кодифицирано во митови, поговорки, клишеа, епиграми, параболи; и е скелет на секоја голема приказна. Целиот трик е да ја задржиме вистината пред нас во секојдневниот живот.
Ако ја обожавате моќта, ќе почнете да се чувствувате слабо и исплашено, и ќе ви треба уште поголема моќ над другите за да се ослободите од сопствениот страв. Ако го обожуваш својот интелект, гледајќи се како паметен, ќе завршиш да се чувствуваш глупаво, како измамник, секогаш на работ да се бидеш откриен. Но, подмолно нешто во врска со овие облици на обожување не е дека тие се злобни или грешни, туку дека се несвесни. Тие се стандардни размислувања.
Тие се тип на обожувања по кои само постепено се лизгате, ден по ден, станувајќи се повеќе селективен за она што го гледате и за тоа како ја оценувате вредноста, без да бидете целосно свесни дека тоа го правите.
И таканаречениот реален свет нема да ве обесхрабри од работењето според вашите основни размислувања, бидејќи таканаречениот реален свет на луѓе и пари и моќ, весело се потсмеваат заедно соединети во страв, лутина, фрустрација, желба и обожавање на себе. Нашата сегашна култура ги искористи овие сили на начини кои дадоа извонредно богатство, удобност и лична слобода. Слободата сите да бидат господари на нашите мали царства со големина на черепот, сами во центарот на сите созданија. Овој вид слобода може многу да го препорачам. Но, се разбира, постојат многу видови на слобода, и за оној што е најскапоцен, нема да слушнете многумина да зборуваат во големиот надворешен свет на сакања и постигнувања… Навистина важниот вид на слобода е создаден од внимание, свест и дисциплина, и вистински се грижи за другите луѓе и секојдневно се жртвува за нив низ голем број ситни, начини кои не се баш секси.
Тоа е вистинска слобода. Тоа е да се биде образован и да разбираш како да размислуваш. Алтернативата е несвесното, стандардно размислување, како живот на стаорец, постојаната глодарска смисла на добивање, имање па губење на некоја бесконечна работа.
Знам дека овој говор веројатно не звучи забавно и лесно, или инспиративно како што говорот за оваа прилика би требало да звучи. Туку, колку што можам да видам, е Вистината во големо В, со многу избришани реторички убавини. Вие, се разбира, сте слободни да размислувате како што сакате. Но, ве молам, немој само да го отфрлите ова како само проповедање со прстот. Ниту една од овие работи не е навистина за моралот или религијата или догмата или за големите фенси прашања за животот по смртта.
Вистината со големо В е за животот пред смртта.
Станува збор за вистинската вредност на вистинско образование, кое скоро и да нема никаква врска со знаењето, а има со се што е поврзано со едноставната свесност; свесност за она што е толку реално и од суштинско значење, толку скриено во едноставниот поглед на сите околу нас, дека повторно и повторно мора да се потсетуваме себеси:
“Ова е вода”.
“Ова е вода”.
Незамисливо тешко е да се направи ова, да останеме свесни и живи во светот на возрасните во секој ден. Што значи уште едно големо клише се покажува точно: вашето образование навистина е работа на целиот живот. И започнува: сега.
Ви посакувам повеќе од среќа.