Блог

Тесла и еволуцијата на свеста на човештвото

Во 1892 умрела мајката на Никола Тесла, Георгина.
Тесла за неа пишува: „Мојата мајка потекнува од една од најстарите фамилии во земјата. Беше пронаоѓачки талент од прв ред и убеден сум дека таа би направила големи работи да не била толку оддалечена од модерниот живот и неговите безбројни можности (…) беше генијална жена, посебно надарена со интуиција.“
Другар од училиште на Тесла, Мојо Медиќ, оставил сведоштво дека со останатите момчиња често го молеле Никола да ги однесе дома, каде што неговата мајка им покажувала чудесна вештина – врзување на јазли на трепки со два прста. Сама конструирала и направила разбој, а пред тоа никогаш го немала видено, а од различни растенија изработувала ткаенини. Његошовиот Горски венец таа го знаела напамет.
„Само еднаш во мојата досегашна егзистенција“, сведочи Тесла „сум имал искуство кое ми оставило впечаток на натприродно. Тоа беше во времето на смртта на мојата мајка. Бев болен и исцрпен од грозница: лежев на креветот. Одеднаш, помислив дека, ако мојата мајка умре додека сум далеку од неа, сигурно ќе ми даде некој знак. Два или три месеци потоа бев повторно во Лондон со мојот веќе покоен пријател, англискиот научник сер Вилијам Крукс, каде што се дискутираше за спириритуализмот, и бев под целосен впечаток на овие мисли … Цела вечер секое влакно од мојот мозок беше напнато во исчекување, но ништо не се случи до рано изутрина, кога заспав, или можеби задремав, и видов облак како носи ангелски фигури со божествена убавина. Една од нив погледна кон мене со љубов и постепено ја препознав мојата мајка. Привидот полека пловеше низ собата и исчезна, а јас одеднаш се разбудив со неописливо слатки песни на многу гласови, во тој момент, сигурноста која со никакви зборови не можам да ја опишам, ме исполни и бев сосема уверен дека мајка ми само што починала. И тоа беше точно.“
Тесла со воз и кочии стигнал во Госпиќ на 15-ти април, но не стигнал навреме да ги слушне последните мајчини зборови: „Никола, гордост моја.“
Ова се само извадоци од книгата на Велимир Абрамовиќ – “Тесла – Еволуција на свеста на човештвото”.