Блог

Каде е забранет Денот на вљубените?

Во некои делови на светот одбележувањето на празникот кој се прославува во чест на христијанскиот маченик Свети Валентин е табу, па дури и забранет со закон.
Верските укази и загриженоста за ширењето на западната комерцијална култура го поништиле 14 февруари како годишен празник на вљубените.
Па така, секој кој ќе покаже било каква заинтересираност за овој ден ризикува казна, апсење, па дури и принуден брак во следниве земји: Саудиска Арабија, Пакистан, Малезија, Иран и Индија.