Блог

Кој одбил да го објави Пруст?

Неколку анегдоти за историски ликови…
Францускиот писател Марсел Пруст (1871 – 1922) бил очаен кога го добил писмото во кое познатиот издавач Марк Хумболт одбива да го објави неговото животно дело, романот „Во потрага по изгубеното време“.
„Мој драг пријателе“, го започнал своето писмо издавачот, „можеби јас сум тотално без мозок, но не гледам зошто некого би го интересирало да прочита триесет страници само за да дознае како раскажувачот се врти во креветот бидејќи не може да заспие!“
Романот подоцна го објавил „Галимар“ и тоа е едно од најславните дела на француската книжевност.

Кога Катарина Арагонска (1485 – 1536) на Хенри Осми (1491 – 1547) му ја родила ќерката Марија, а не син, кралот побарал (во 1516 – та) од папата да го поништи нивниот брак. Папата одбил да го стори тоа, но Хенри сепак, се потрудил да добие развод. Катарина е фрлена во затвор, лишена од сите кралски, но и останати права. Па така, и било забрането и да го види своето дете за чиј живот постојано го молела Хенри. Имајќи го во предвид пеколниот карактер на својот поранешен сопруг, таа до својот последен ден од животот му пишувала љубовни писма молејќи го да го поштеди нивното единствено дете.
Во 1536, веќе на смртна постела, Катарина го испратила своето последно писмо на Хенри Осми. Затвореничката само напишала:
„Oculi mei te solum desiderant.” (Моите очи само по тебе копнеат.)
Судбината знае да биде иронична, па ќерката на Катарина, Марија, подоцна наречена „Блади Мери“, несаканото женско дете, станала првата кралица на Англија, Велс и Ирска.

Германскиот композитор Јоханес Брамс (1833 – 1897) бил љубител на вкусната храна. Па така, некогашниот виток младич, во зрелите години се претворил во дебел човек. Меѓутоа, неговото здравје се повеќе се влошувало. Кога отишол на лекар, овој му препишал најстрога диета. „Ама докторе, немојте така! Денеска сум поканет на вечера кај Штраус. Треба да јадеме пилешки паприкаш, што е моето омилено јадење!“ „Не доаѓа во предвид!“, возвратил лекарот. „Како ќе кажете“, слегнал со рамената славниот композитор: „Во тој случај, замислете дека воопшто денеска не сум бил на преглед, туку дека ќе дојдам дури утре!“