Блог

Помалку познати факти

Според статистиките на УНЕСКО, Жил Верн е најпреведуваниот автор во историјата на книжевноста. Неговото творештво е преведено и објавено на 148 јазици.

Бернард Шо на прашањето кои пет книги би ги понел со себе на пуст остров, одговорил дека би зел пет книги со празни листови. Во 1974 година една американска издавачка куќа ја „искористила“ оваа идеја и објавила книга со наслов „Книга на ништо“ со 192 празни страници. Станала толку популарна, што доживеала неколку изданија.

Морган Робертсон, 14 години пред злогласната трагедија на Титаник објавил расказ во кој е прикажан огромниот брод наречен „Титан“, кој се судира со санта мраз, после што поголемиот број на патници умира.

„Малиот принц“ е најпопуларното француско дело. Книгата е преведена на 250 јазици и дијалекти, но и на брајовата азбука за слепи.

Неодамна американските научници потврдиле дека луѓето кои често читаат книги живеат во просек две години повеќе од оние кои малку читаат или воопшто не читаат.

Марк Твен обожувал да носи бели костуми, заедно со снежно бел шешир и црвени чорапи.

Бајрон и Лермонтов биле подалечни роднини.

Првите аудио книги се појавиле околу 1930 година, а целна група им била слепата публика и луѓето со слаб вид.

Вирџинија Вулф сите свои книги ги напишала стоејќи.

Најголем број на филмови се снимени според делата на Вилијам Шекспир. Само „Хамлет“ е снимен повеќе од дваесет пати.