Расказите „Фрески и гротески“ и романот „Азбука за непослушните“ се првите дела со кои Венко Андоновски ја освои македонската јавност. Тие му претходеа на романот „Папокот на светот“, со кој Андоновски го сврте вниманието кон себе во балканските литератури (награда „Балканика“ 2001). Со „Вештица“ веќе го привлече вниманието на француските и руските критичари и читатели (предговор од Милан Кундера за француското издание на „Вештица“ и награда „Југра“ за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски јазик). За најновиот роман, „Папокот на светлината“ (2022), Андоновски ја доби и меѓународната Толстоева награда за книжевност „Јасна Полјана“, со што се вброи меѓу претходните добитници, познатите писатели Џулијан Барнс, Рут Озеки, Марио Варгас Љоса, Орхан Памук... Тој пат од речиси целосна анонимност до меѓународно признание немаше да се случи ако не постоеја овие две книги, од кои како од јајце, ab ovo, излезе цела една прозна вселена.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.