Ова се паметни книги за љубопитни деца, или љубопитни книги за паметни деца. Во нив, фантазијата е онаа што нѐ води кон поинаква реалност. Тука се најважните достигнувања на научниците со кои децата сакаат да се идентификуваат. Најважните откритија на Ајнштајн прилагодено објаснети за децата, преку физуелни слики и илустрации за да можат да ги разберат и да ги препознаат во околината која ги опкружува.
За да ја составиме оваа книга се водевме од изјавите на Ајнштајн: Постоат само два начини да го живеете животот. Едниот е како ништо да не е чудо. Другото е како сѐ да е чудо.
Имагинациjата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинациjата го обиколува светот.
Логиката ќе ве одведе од А до Ш; имагинацијата ќе ве однесе насекаде!
Ѕирнете во книгата Ајнштајн во трамвајот на времето: Ајнштајн, откако станал славен научник бил „затрупан“ со писма од целиот свет. Најчесто му пишувале деца. Еве го одговорот за петнаесетгодишно девојче кое имало проблем со својата домашна задача по математика. „Не грижи се за твоите тешкотии во математиката, можам да те уверам дека моите се многу поголеми.“
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.