Првата книга од СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА историска драма!
Серијата за Анжелика од својата премиера од пред повеќе од половина век доживеа огромен успех и е продадена во повеќе од сто и педесет милиони примероци на повеќе од триесет јазици, што ја прави убедливо најчитана историска романса во историјата на книжевноста.
Средината на 17 век во Франција е особено бурно време. Просјаците и џепчиите се моткаат низ Париз, а друмските разбојници пустошат по внатрешноста, каде што расте Анжелика, ќерката на осиромашениот барон Де Санк. Таа неприкосновено владее со срцата на своите врсници, но за да поработи на своето образование татко ѝ ја праќа кај маркизот Де Плесиз-Белие, каде што се загледува во циничниот син на маркизот, кој кон неа искажува презир и потценување. По игра на случајот Анжелика станува сведок на заговорот против младиот крал Луј Четиринаесетти, а тоа, по разни перипетии, ја одвојува од домот и ја носи во Тулуз, каде што ќе му биде ветена на богатиот гроф Жофри де Пејрак. Нејзиниот независен дух се противи на договорениот брак и на сакатиот човек со нагрдено лице за кој се зборува дека е алхемичар и вештер – сепак, лошата материјална состојба на семејството не ѝ остава избор. Срцето на Анжелика е исполнето со страв, одвратност и чувство на немоќ, но во еден момент сите тие мрачни емоции ќе ги замени една единствена, возвишена, на која никој не може да ѝ одолее – љубовта. Нејзината авантура самошто почнува…
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.