Нема ништо што не можете да бидете, работите или имате.Ова е книга за вашето повторно усогласување со енергијата на Изворот. Таа зборува за вашето повторно будење во јасновидноста, добрината и силата кои ве дефинираат како личност. Напишана е за да ви помогне свесно да се вратите во сознанието дека сте слободни и дека тоа сте го биле отсекогаш – и дека секогаш ќе бидете слободни да правите сопствени избори.
Во оваа фасцинантна книга, Естер и Џери Хикс ја презентираат поуката на нефизичкиот ентитет Авраам, која ќе ви помогне да научите како да ги манифестирате вашите желби и да живеете радосен и исполнет живот.
Со помош на Авраам, ќе сфатите како на вашето здравје, односи со луѓето, финансиската состојба и сите други области од животот влијаат законите на Универзумот кои управуваат со вашата простор-временска реалност, и ќе откриете моќни процеси кои ќе ви овозможат да се усогласите со позитивниот тек на вашиот живот, бидејќи со раѓањето сте стекнале право на сè што е добро.
Добробитот е темел на овој Универзум. Добробитот е темел на сè што постои. Тој тече кон вас и низ вас. Сè што треба да направите е да му дозволите. Како воздухот што го вдишувате, сè што треба да направите е да се отворите, опуштите и да го впиете во вашето битие. Оваа книга говори за свесно дозволување да се поврзете природно со бујицата на добробитот. Нејзината цел е да ве потсети на тоа кој сте всушност, за да можете да продолжите да го креирате вашето животно искуство на начин на кој сте намерале пред да влезете во ова физичко тело и во ова величествено искуство каде што сте намерале целосно да ја изразите вашата слобода на бескрајни, радосни, креативни начини.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.