Сер Чарлс Баскервил е мртов; смртта е ненадејна, а околностите мистериозни. Жителите на Дартмур се истовремено шокирани и многу исплашени. Дали за смртта на сер Чарлс е виновен ѓаволскиот пес кој го прогонува семејството Баскервил со генерации? Истовремено се повикани новиот наследник на имотот и двоецот Холмс и д-р Вотсон. Доделена им е двојна задача: да го решат случајот и да го зачуваат животот на новиот наследник на Домот на Баскервилови, бидејќи песот – ако навистина постои – сè уште е на слобода. Романот „Баскервилскиот пес“, првпат објавен во продолженија во 1901 година, е третиот роман за лондонскиот детектив-аматер и неговиот помошник. Заради злокобната атмосфера, таинствениот пејзаж и грозоморноста на злосторот, овој хорор-детективски роман е едно од највпечатливите достигнувања на Артур Конан Дојл и траен миленик на публиката сè до денес.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.