Од авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи. Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие. Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг. Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок? „Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.