Facebook Pixel

ВИЕ СТЕ ВАШИТЕ УВЕРУВАЊА отфрлете ги бескорисните верувања и навики и создајте си иднина каква што посакувате

Мек повез

i

Број на страни: 310

Димензии: 14 × 21 cm

ISBN13: 9786084892038

990 ден

SKU: 9786084892038 Категорија Ознака:

Нашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот. Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.

Оваа книга ќе ве ослободи. Приказните од срце, советите што им помогнале на илјадници луѓе низ светот и неверојатните откритија на авторот ќе ви покажат, чекор по чекор, како да го живеете својот живот од соништата. Таа ќе ви ги открие верувањата што ве попречуваат и кои без одложување ќе мора да ги промените за да станете самоуверени, храбри и отворени за промени. Ќе се ослободите од чувството на помала вредност, од чувствата на вина, срам и страв.

Вие сте вашите уверувања претставува моќен прирачник за постигнување на зацртаните цели. Таа е лична исповед на авторот Смиљан Мори, кој успеал да се ослободи од вкоренетите верувања што со години му го расипувале квалитетот на животот. Денес тој е неизмерно успешен претприемач, автор, мотивациски говорник и среќен сопруг и татко на две деца. Препуштете им се на неговите зборови и станете најдобрата верзија на самите себе.

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.