Забавно патување низ најневеројатните и најгенијалните лаги кои луѓето ги изговарале и ги испишувале низ вековите.
Оваа книга зборува за вистината и за сите генијални начини на кои човечкиот род низ историјата успевал да ја избегне. Тоа не е ништо ново. Не ни бил отсекогаш неопходен „Твитер“ за да шириме непроверени и неточни гласишта од уста на уста. Отсекогаш постоеле поединци подготвени креативно да манипулираат со фактите за да извлечат некаква корист од тоа.
Ние секојдневно пливаме во море од бесмислици, полувистини и безочни лаги. Лажеме и сме лажеле. Нашиот социјален живот се заснова на постојан проток на ситни добронамерни лаги. Редовно нè лажат политичари, медиуми, продавачи и други, а вистинската неволја е што тоа поминува: многу лесно наседнуваме на добро обликувана лага, а можеби најбројни лаги се оние што си ги кажуваме себеси.
Каде и да се свртите, ќе видите злокобни предупредувања дека живееме во доба на „поствистина“. Политичарите сè понесмасно ја извртуваат вистината и лажат. На јавноста ù е преку глава од „експерти“. Интернетот го претвори нашиот социјален живот во бојно поле на погрешни информации, до таа мера што веќе не сме сигурни дали нашиот тетин е реална личност, дел од светски заговор или нечиј бот.
Но, дали некогаш постоело златна доба на вистинољубивоста? Или луѓето лажеле и измислувале од памтивек? Вистинската вистина за лагите ве чека на страниците на оваа книга (ако сте доволно наивни да поверувате во тоа).
„Филипс ја напиша најдобрата книга на сите времиња“ – запис од непознат автор на сумерски плочки во 3500 г. п.н.е.
„Никогаш не сум прочитал ништо подобро“ – Шекспир
„Авторот лично го предложувам за наградата што го носи моето име“ – Алфред Нобел
„Мил ми е Платон, но Филипсовата вистина ми е помила“ – Аристотел
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.