Facebook Pixel

ВЛИЈАНИЕ

Мек повез

i

Број на страни: 468

Димензии: 14 × 21 cm

ISBN13: 9786082309736

690 ден

SKU: 9786082309736 Категории: , Ознака:

Класика за влијанието и убедувањето, безвременска книга што треба секој да ја прочита Класика за психологијата на убедувањето и за правилно користење на нејзината моќ. Зошто луѓето прифаќаат некои работи, а одбиваат други, и како да се применат овие сфаќања? „Влијание“ е задолжително четиво за секој кој сака да го разбере процесот на донесување одлуки. Суштинска книга во канонот на психологијата, финансиите и бихевиоралниот маркетинг. Роберт Чалдини е психолог кој ја инспирира вештината за убедување, за да станете ефективен лидер, но и да не паѓате лесно во замките на убедувачите. Преку интересни примери од научните истражувања и од практиката, ни ги претставува шесте универзални принципи на влијание: Реципроцитет, или старото добро „јас тебе, ти мене“ Обврзаност и доследност: непоколебливо работење на донесената одлука и цел Социјална потврда: колку повеќе луѓе го поддржуваат нашиот став, толку тој се смета за поправилен Допаѓање: колку повеќе ни се допаѓаат, толку повеќе се согласуваме со луѓето Авторитет: поверојатно е да се согласиме со лицата кои имаат поголемо знаење, стручност или искуство Недостиг: попосакувано е она што е помалку достапно. „Влијание“ е сеопфатен водич за ефективно користење на овие принципи, со цел да се зголеми вашата способност за промена на однесувањето на луѓето во посакувана насока. „Феноменална книга! Сакате да ја зголемите продажбата, да постигнете подобра зделка или да си ја подобрите врската – ‘Влијание’ ви нуди научно проверени принципи што можат да ви го променат животот.“ д-р Даниел Л. Шапиро „Кога би можеле да прочитате само една книга за тоа како да бидете поефикасни во бизнисот и животот, јас би ја избрала ‘Влијание’“. Кејти Милкман

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.