Излишно е и сигурно непотребно да се пишува двореченичен вовед за „Војна и мир“ч неправедно и нелогично е да се премолчат барем неколку од епитетите и пофалбите кои го придружуваат ова капитално книжевно остварување на Лав Николаевич Толстој уште од неговата прва објава до денес: „рускиот еп“, „величествено ремек-дело“, „најголемиот роман на сите времиња напишан на кој и да е јазик“... И имињата на фалителите не е излишно да се наведат пред вторите три точки од овој пасус: целата руска класична школа, Галсворди, Флобер, Ролан, Томас Ман, Хемингвеј... Проследувајќи ги - минуциозно, низ очите на пет аристократски семејства - настаните врзани со француската инвазија врз Русија и односот Наполеонова ера / Царизам на самиот праг на ЏИЏ век, „Војна и мир“ веќе два века се промовира како врв на книжевниот реализам и тоа на оној начин што најубаво го опишува Исак Бабелј кога вели: „Ако светот би можел самиот да се пишува, би пишувал како Толстој“.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.