Facebook Pixel

ВРЕМЕТО ПРЕД ПРИКАЗНАТА

Мек повез

i

Број на страни: 815

Димензии: 14 × 21 cm

ISBN13: 9786082308722

790 ден

SKU: 9786082308722 Категорија

Времето пред приказната е ремек-дело на светската книжевност, сопствена потрага по изгубеното време. Генијален роман кој нема збор вишок или кусок. Ако Приказна за трите града ги содржи како опал кугла сите идни дела на Маџунков, ова е архиопал куглата која ја содржи и таа мала опал-кугла што ги содржи сите негови дела! Навистина импресивно, остава без зборови. Ќе ми треба време да се соземам.

Венко Андоновски

Во македонската книжевност нема соодветен пример со таков зафат што толку суверено се одвојува со мисловна и јазична густина, со оригинален наративен звук, автентични дијалози, епски развиена фабулација и специфична есеистичко-спектроскопска дескрипција. Македонија со овој роман (без да ги спомнуваме другите романи на Маџунков) добива нешто како што Србија доби со Хазарски речник и Атлас опишан со небото, Латинска Америка со Разговор во катедралата, Куцкамен и Terra nostra, германското говорно подрачје со Јосиф и неговите браќа и Лимениот барабан, Франција со Бувар и Пекише и Пронајденото време, Русија со Мајсторот и Маргарита, Италија со Островот на претходниот ден и Татарска пустина, Шпанија со Мазурка за двајца мртовци, Португалија со Седум Сонца и седум Луни и Смртта и нејзините хирови. Романот е и останува аголен камен, или барем сламка за спас, епохално дело и огромен придонес во борбата што ја водиме и ќе ја водиме со македонски глаголи наместо бајраци!

Блаже Миневски

Сѐ е тука густо и сѐ е благослов, потврда дека „сепак книжевните дела можат да се отелотворат и да го населат небото со лепет“, но пред сѐ, да досипат наслада во духот на избраниот читател... Маката и радоста од обликувањето, од досипување во нацрт-материјалот од реалноста и негово издигање до ранг на беспрекорна, чиста уметност, во дело неподатливо на инаквост и интервенција, дело на редок, единствен книжевен Мајстор во чии дела, страници, дури и одделни редови, се препознава наумот за врховност. Сведочам дека си редок, единствен и избран. Кој има уши – нека чуе!

Санде Стојчевски

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.