Ни оган ни мраз не можат да го уништат она што се крие во човековото срце.
Сместен среде раскошот на површната убавина, во гламурозната стварност стежната од модерни имиња, автомобили и брендови, Џеј Гетсби со сите мрачни тајни на своето минато се обидува да ја оствари својата љубов кон Дејзи Бјукенен. Раскажана од перспектива на нејзиниот братучед Ник Керевеј, оваа приказна е едно од најпознатите дела на Фицџералд, извонреден спој на американскиот сон и моралната декаденција во ерата на џезот.
Светот е пред морален колапс. Животот тече во изобилство и разврат, со губење на основните морални вредности. Виден низ очите на нараторот, кој се запознава со духовно сиромашниот аристократски живот во кој најголем антагонист е самото време, и денес ја чувствуваме парадоксалната длабочина на таквото постоење.
Класика без која не може да се замисли современата книжевност. Книга неопходна за човековото срце, без која не ќе може да се пробие низ струјата што непрекинато го враќа назад, во минатото.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.