Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет? Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време - притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него. Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата се повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул. „Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.